fbpx

Активно се работи да се најдат простории за ФИНКИ, велат од Владата

Соопштението на владата, во кое се истакнува довршувањето на градбата започната во 2015 година како примарно решение, доаѓа откако студенти и професори од факултетот денеска протестираа пред Владата

-

Владата соопшти дека активно работи на наоѓање решение за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), односно немањето соодветни простории за држење на наставата, по денешниот одржан протест на студентите.

Владата долгорочното решение го гледа во објектот кој започна со изградба во 2015 година, но чија конструкција престанала откако фирмата задолжена за градежните работи заминала во стечај. Во владиното соопштение се вели дека „активно се работи на надминување на проблемот“.

Краткорочното решение ќе се најде средба помеѓу претставници на Службата за општи и заеднички работи и ФИНКИ. Во соопштението, Владата посочи дека ѝ дала тримесечен рок на службата за разгледување алтернативни решенија и реализирање на трајно решение.

На денешниот протест пред влада, деканот на ФИНКИ проф. д-р Боро Јакимоски, кажа дека некои од просториите кои досега ги разгледале во разговори со Владата се зградата на трговскиот центар Рамстор во Центар и зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, во чии простории претходно беше сместен Универзитетот Мајка Тереза.

Деканот Јакимоски исто така коментира дека ќе бидат потребни неколку години пред да биде завршена изградбата на објектот започнат во 2015 година, а дека до тогаш ќе мора да се најде решение.

Од факултетот претходно бараа Бирото за развој на образованието (БРО) да ослободи дел од своите простории кои се наоѓаат во близина на Технолошко-металуршкиот факултет (чии простории ФИНКИ моментално ги користи).

Од БРО ги информираа надлежните институции, меѓу кои Министерството за образование и Владата, дека нема да прифатат никакво решение во врска со нивните постојни простории ако во тој процес на одлучување не бидат вклучени нивни претставници.

Информатичарите на протест: Наместо Владата, ChatGPT „ја изгради“ зградата на ФИНКИ

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...