fbpx
Таг: Влада на Република Северна Македонија

таг: Влада на Република Северна Македонија

Активно се работи да се најдат простории за ФИНКИ, велат од Владата

Владата соопшти дека активно работи на наоѓање решение за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), односно немањето соодветни простории за држење на наставата, по денешниот одржан протест на студентите. Владата долгорочното решение го гледа во објектот кој започна со изградба во 2015 година, но чија конструкција престанала откако фирмата задолжена за градежните работи заминала во стечај. Во владиното...

Протест за поддршка на Палестина пред влада: Излегуваме од човечка должност

„Се собравме како наша човечка должност, за да покажеме дека не успеаја да го убијат човечкото во нас“, кажа активистот Здравко Савески на протестот пред Владата во Скопје за поддршка на палестинскиот народ. Во говорите преовладаа пораките за мир, солидарноста и критика на империјалистичките центри на моќ, кои овозможуваат злосторствата на Израел да останат неказнети. Протестот беше организиран од левичарскиот...

Собранието ги изгласа законските измени: Ќе поевтинат производите за менструална хигиена

По 10 месеци Собранието конечно ги изгласа измените на Законот за данокот на додадена вредност кој предвидува намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со производи за менструална хигиена, со што ќе се намали продажната цена. Овие даночни измени лани, на 1 декември ги најави Димитар Ковачевски, а Владата на предлог на Министерството за финансии, во јули оваа...

Кампањата „Ние сме Европа“ ќе ги промовира придобивките од брзото членство во ЕУ

Под мотото „Ние сме Европа“, Владата и Секретаријатот за европски прашања, од 30 Август до крајот на септември ќе спроведат кампања во осум градови во земјата посветена на приближување на целта за влез во ЕУ до граѓаните, најави денеска вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ. Во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и во Куманово ќе бидат организирани тематски настани, со...

Продолжува портокаловата фаза – од денеска забрана за движење во шумите и заштитените подрачја

Портокаловата фаза во којашто се наоѓа земјава продолжува и денеска и се очекува да трае во следите десетина дена. Оваа информација ја соопштија вчеравечер од Владата, по одржаната седница на која била разгледана Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекува да продолжат и деновиве. Портокалова фаза летово за првпат беше прогласена од четвртокот, кога стапија на...

Ковачевски: Дијалогот да продолжи, предлозите на опозицијата на лидерската средба беа прифатени

Дијалогот треба да продолжи, предлозите на опозицијата на лидерската средба беа прифатени, порача премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното гостување на емисијата „360 степени“ на Телевизија Алсат. Во интервјуто Ковачевски зборуваше за исходот од средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и за други актуелни теми во однос на евроинтеграцискиот процес на државата. Премиерот рече дека со прифаќањето на условот на ВМРО-ДПМНЕ...

Ковачевски – Фон дер Лаjен: Силна поддршка од Европската Комисија за членството на Северна Македонија во ЕУ

Европската Унија (ЕУ) останува да биде пријател и партнер на Северна Македонија и дава силна поддршка на постигнувањето политички консензус за уставните измени, во корист на земјата и регионот. Ова е пораката што ја добил премиерот Димитар Ковачевски на средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен. Ковачевски и Фон дер Лајен се сретнаа во Братислава, Словачка, каде...

Во февруари произведена 80 отсто повеќе струја во однос на истиот месец лани

Во февруари, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и ТЕЦ Неготино произвеле 80 отсто повеќе електрична енергија во однос на истиот месец минатата година, информираше денеска владиниот соработник за енергетика Виктор Андонов, кој ги презентираше најновите информации за енергетската состојба во земјава. „Во месец февруари 2023 година, од капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино произведени се вкупно 504.338 MWh електрична енергија,...

Ден на жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука со којашто денешниот ден, 13 февруари, е прогласен за Ден на жалост во земјава. Одлуката, како што информираат од Владата, е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и Арапската Република Сирија на 6...

Ковачевски со новогодишна честитка: Никој, никогаш нема да биде оставен сам

Во новогодишна честитка до граѓаните на земјава, премиерот Димитар Ковачевски порача дека во новата 2023 година државата ќе биде подобра за сите граѓани, ќе продолжи да напредува и да ги остварува целите. Во видео-обраќањето Ковачевски рече дека платите и пензиите ќе продолжат да растат, дека се завршени многу проекти важни за државата и дека ќе продолжат новите инвестиции и догодина. „Затоа...

Премиерот Ковачевски со честитка за Божиќ до верниците на Католичката црква

Верниците кои се водат според грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Христовото раѓање - Божиќ. Божиќ денеска го слават католичките и протестантските верници и дел од православните христијани. Празникот на овој ден го слават Вселенската патријаршија и православните цркви во Грција, Бугарија, Романија, Украина и Грузија. По повод големиот христијански празник Божиќ кој денеска го прославуваат верниците на Католичката цркви, премиерот...

Ковачевски: Реформа во јавната администрација не само како услов за ЕУ, туку поради граѓаните

Реформата на јавната администрација останува еден од клучните приоритети на Владата, но сега се издигнува како прашање од исклучителна важност и за процесот на преговори со Европската унија (ЕУ), со фактот дека е една од клучните области од Кластерот „Основи“, рече премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на седницата на Советот за реформа на јавната администрација. Реформата во јавната администрација...

Студентите и државата постигнаа договор околу субвенционираниот оброк

Средбата меѓу студентите и претставници на државните институции заврши со договор за субвенционираниот студентски оброк. Според договореното, оброкот за почеток ќе се исплаќа како и минатата година, односно до 15 март студентите ќе ги добиваат средствата на месечно ниво, а висината на оброкот останува 120 денари дневно. До 15 декември, пак, студентите ќе ги добијат средствата што им следуваа...

Спор меѓу ЈСП и МОН: Нетактичност и политички препукувања на штета на студентите и учениците

Кој е виновен за (не)субвенционирањето на бесплатниот превоз за студентите и учениците во Скопје? Ова прашање се поставува среде недоразбирањата меѓу Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП – Скопје) и Владата на Република Северна Македонија, со кои ненадејно се доведе во прашање и бесплатниот јавен превоз во главниот град за студентите на државните универзитети што досега непрекинато функционираше од воведувањето во...

Владата донесе одлука за неколку категории стипендии за средношколците

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта за тековната учебна година. Според одлуката, стипендии во износ од 3.500 денари месечно се предвидени за: талентирани ученици – спортисти; талентирани ученици од областите на природните и техничките науки; талентирани ученици од областа на уметностите; за ученици со...

Владата тврди дека нема долг кон ЈСП, Арсовска вели дека бесплатен јавен превоз ќе имало догодина

Владата попладнево демантира дека имаат долг кон ЈСП - Скопје. Ваквата реакција уследи откако секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров за утре во 12 часот најави протест пред Владата ако не се исплатат 2 милиони евра за бесплатниот превоз на учениците и студентите, а протест за еден час порано најави и синдикатот на ЈСП Скопје што ќе се одржи...

МОН: Ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката

Министерството за образование и наука (МОН) со поддршка од Владата донело одлука за формирање Совет за унапредување на образованието и науката. Од МОН соопштија дека ваквата одлука е донесена согласно направените сеопфатни анализи за состојбите во основно, средно и високо образование и науката, ученичкиот и студентскиот стандард и обезбедувањето на учебници, а во насока на градење на јавни и...

Ковачевски: Договорено е Грција да обезбеди непречен извоз на јаглен и мазут за производство на струја

Премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со шефот на грчката влада Киријакос Мицотакис во Атина изјави дека на состанокот е договорено Грција да обезбеди непречен извоз на мазут и јаглен како суровини за производство на електрична енергија во Македонија. „Снабдувањето со јаглен ќе се одвива непречено во четвртиот квартал од 2022 и првиот квартал од 2023 во РЕК Битола и...

Инспекции во „Жан Митрев“ ќе ги проверуваат лекувањата на пациентите и можните недоследности

По објавениот документарен филм со наслов „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во кој се објавени наводи дека Клиничката болница „Жан Митрев“ го злоупотребувала методот на хемофилтрација за време на пандемијата, Владата го задолжи Министерството за здравство да ги разгледа детално објавените информации и во рок од два дена да достави информација во врска со овој случај. Прес-конференција одржа...

Во владата пристигна предлогот на француското претседателство за решение на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Во македонската Влада, преку Министерството за надворешни работи, пристигна предлог од француското претседателство со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови, соопштија од Владата. Предлогот се однесува на ветото што Бугарија ѝ го наметна на Северна Македонија со што го блокираше отпочнувањето на преговорите на земјата за членство во ЕУ. Нема повеќе детали околу содржината на...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...