„Шорткат“: Лажни наративи, дезинформации и странски влијанија

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот

Во најновата епизода на „Шорткат“ ќе го запознаете литванскиот истражувач д-р Неријус Малиукевичиус, кој беше во дводневна посета на Скопје, одржувајќи предавања и средби со студенти, граѓански активисти и новинари на темата лажни наративи, пропаганда, дезинформации и странски влијанија.

Тој за „Шорткат“ зборува за шемата и за начинот на кој се шират штетните странски влијанија и дезинформациите, но и за улогата на сите засегнати страни со цел да се препознаат и сузбијат овие појави.

Во 125. епизода информираме и за екоцидот, кривично дело за кое, според најновите законски измени, се предвидени високи затворски казни. Пренесуваме и дел од атмосферата од Охрид, каде што викендов се одржа интердисциплинарна студентска конференција организирана од УСС УКИМ, и за успешната обука за млади на Фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот центар за новинари на тема „Справување со дезинформации и проверка на факти“ во Велес.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот.