сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ФИНКИ | 45 резултати

Јаневска: Догодина ќе продолжи изградбата на зградите на ФИНКИ И ДИФ, планираме измена на фасадата

декември 31, 2024

Во 2025 година ќе продолжи изградбата на зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Зборувајќи на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Јаневска рече дека изградбата ќе продолжи кон крајот на следната […]

Јаневска: Догодина ќе продолжи изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ

ноември 19, 2024

Од следната година ќе продолжи изградбата на новите згради на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), изјави синоќа министерката за образование и наука Весна Јаневска. При одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите во културниот центар Лабораториум, Јаневска рече дека буџетот за студентски […]

Студентите бараат нов дизајн за зградите на ФИНКИ и ДИФ, не сакаат барок

септември 3, 2024

Владата да распише студентски конкурс за решение за фасадите на новите објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), бараат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС УКИМ) испратило официјално барање до македонската […]

Деспотовски понуди решение за дислокација на БРО, Бирото обвинува за притисоци

април 3, 2024

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, вчера изрази поддршка за протестот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а даде и предлог-решение на проблемот со кој се соочува овој факултет. Деспотовски предложи Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во сегашните простории на ТИРЗ, а ФИНКИ […]

ФИНКИ на роденденски маратон до Влада: информатичарите бараат решение за немањето простор

април 2, 2024

Сè повеќе студенти, а сè помалку простор – на најголемиот факултет во државата станува претесно за нормално одвивање на наставата. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) не отстапува од своите барања – да се најде решение за просторниот проблем и за непречено одржување на образовниот процес за речиси 5.000 студенти. По првиот протест […]

Роденденски маратон на ФИНКИ до Владата во знак на протест поради немањето зграда

април 1, 2024

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) соопшти дека по повод своето 13-годишно постоење, утре, 2 април, ќе одржи роденденска трка. Маратонот ќе започне од Градскиот парк, а целната линија е Владата. Ова, велат од ФИНКИ, ќе биде симболичен чин со кој факултетот сака да ја подигне свеста за проблемот со недостигот на соодветен […]

Активно се работи да се најдат простории за ФИНКИ, велат од Владата

март 21, 2024

Владата соопшти дека активно работи на наоѓање решение за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), односно немањето соодветни простории за држење на наставата, по денешниот одржан протест на студентите. Владата долгорочното решение го гледа во објектот кој започна со изградба во 2015 година, но чија конструкција престанала откако фирмата задолжена за градежните работи […]

Информатичарите на протест: Наместо Владата, ChatGPT „ја изгради“ зградата на ФИНКИ

март 21, 2024

Со транспаренти, изложба и предавање на отворено, неколку стотици студенти и професори на најголемиот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го кренаа гласот пред Владата и побараа државата да се ангажира поактивно во справувањето со еден од најголемите предизвици за установата – немањето простор за сместување на речиси 5.000 […]

ФИНКИ денеска протестира за просторните проблеми, БРО не ги отстапува бараките

март 21, 2024

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска во 12 часот излегува на протест пред Владата со барање за подобрување на условите за студирање на студентите поради просторниот проблем со кој се соочува установата. На протестот е најавено дека ќе се одржи и редовна седница на Наставно-научниот совет на факултетот. Со повеќе од 5.000 […]

Најбројниот факултет во државата утре на протест пред Владата: Бараат „подобри услови за студирање“

март 20, 2024

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со одлука на деканатската управа, утре во 12 часот излегува на мирен протест пред Владата. Покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од факултетот соопштија дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна […]

МОН: ФИНКИ ќе добие свој објект, не гледаме трајно решение во идејата да се доделат просториите на БРО

март 19, 2024

Со евентуално доделување на просториите во кои во моментов е сместено Бирото за развој на образованието (БРО), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) би добил објект кој не исполнува услови за реализација на наставата. Ова е одговорот од Министерството за образование и наука (МОН) по вчерашното јавно излагање на ФИНКИ во кое факултетот, […]

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

март 19, 2024

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најголемата високообразовна установа во државата, но вистински предизвик за управата на факултетот е тоа што институцијата нема доволно простор за да ги смести […]

МЕТА ФАКТ: Помина уште една година, ветената доизградба на зградите на ФИНКИ и ФФК не продолжи

јануари 2, 2024

Најголемиот и најброен факултет во државата, ФИНКИ, останува без свој сопствен објект, исто како и неговиот „иден сосед“ – Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ). Најавата дека изградбата на зградите на овие два факултета ќе продолжи годинава не се реализираше и според тоа, ова ветување на министерот за образование и наука Јетон Шаќири […]

„Ориентациска недела“ за подобро снаоѓање на бруцошите на ФИНКИ

септември 25, 2023

Факултетското студентско собрание на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) втора година по ред организира „Ориентациска недела“ – настан кој има за цел да ги воведе студентите – бруцоши во начинот на функционирање на факултетот и на кој ќе може да се запознаат со своите наставници и колеги. Речиси 200 студенти во прва […]

Гужви за упис на ФИНКИ, идните бруцоши во 2023 поднесуваат хартиени документи [фото]

септември 12, 2023

Во 2023 година, студентите по софтверско инженерство и информациски системи, по програмирање, по компјутерско инженерство и други студиски програми се запишуваат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со доставување на документи во хартиен формат. Стотици млади денеска чекаа во ред за да ги поднесат документите. Пред зградата на Технолошко-металуршкиот факултет денеска цел […]

Министерот Шаќири ги вети, а сега молчи за дигиталните услуги во образованието

април 29, 2023

Систем кој ќе овозможи матурантите онлајн да се запишуваат на факултет, надграден и пофункционален електронски дневник, мобилна апликација е-дневник, како и електронски свидетелства, се новините кои минатата година ги најави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Лани на 15 јуни, кога информираше за бројот на електронски апликации што стасале за упис во средното образование, […]

Вредните средношколци и идни угостители од „Лазар Танев“ во новата епизода на „Шорткат“

февруари 9, 2023

Екипата на „Шорткат“ беше во посета на скопското угостителско училиште „Лазар Танев“, каде ги затекнавме вредните средношколци како подготвуваат храна во кујните, „печејќи“ ги тестото и занаетот што го одбрале. Повеќе за нивната професија погледнете во 72-та епизода на нашите вести за млади. И неделава носиме многу нови информации – меѓу нив, за герила акцијата […]

ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе продолжат да се градат годинава, но не во барокен стил

февруари 6, 2023

Повеќе од единаесет години по основањето, најголемиот факултет во државата никако да добие свој сопствен објект. Бројот на студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од година в година се зголемува, а „туѓите“ простории што ги користи институцијата и за кои плаќа кирија, стануваат премали за да ги задоволат потребите. Тесно е […]

Безбедноста на веб-страниците на државните институции е скап процес, недостасуваат експерти, обуки и стандарди

декември 15, 2022

Во изминатиот период, веб-страниците на државни институции беа мета на хакерски напади. Најсвежи се случаите со „IKnow“ системот за електронска поддршка на најголемиот државен универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, кој не функционираше со денови, а повеќе од две недели, надвор од целосна употреба беше веб-страницата на Министерството за образование и наука. Во септември, […]

Зградите на ФИНКИ и ФФОСЗ ќе продолжат да се градат догодина, ќе почне и реконструкцијата на државните студентски домови

декември 12, 2022

Изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) ќе продолжи догодина, информираше денеска министерот за образование Јетон Шаќири на прес-конференцијата на која беше образложен буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за 2023 година. Зградите на овие две високообразовни установи […]

Страна 1 од 3