вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: KaticaJaneva | 29 резултати

Специјалното обвинителство во маѓепсан политички круг

октомври 25, 2015

Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева, иако беа инаугурирани од Собранието пред повеќе од четириесетина дена, сè уште не можат да почнат со работа поради спорот околу бројот на обвинители, а нема официјални информации ниту дали Јанева ги добила бараните финансии за работа од Владата. Во моментов спорот меѓу Советот на обвинители и Катица Јанева […]

Собранието му испрати мислење на Уставниот суд за законот за специјално обвинителство

октомври 22, 2015

Собранието му испратило мислење на Уставниот суд за законот за специјалното обвинителство, чија уставност ја оспори адвокат од Свети Николе, објави телевизијата „24 Вести“. Од кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за телевизијата соопштиле дека стручните служби го изработиле мислењето, а генералниот секретар, Жарко Денковски, го испратил до Уставниот суд. Како што пренесува „24 […]

Ден на политички одлуки, посети, седници, закони – ќе бидат ли доволни 24 часа?

октомври 18, 2015

Безмалку сите настани што внесоа напнатост на политичката сцена изминатава недела ќе се прелеат во денешната агенда. Посета на високиот комесар за проширување и меѓусоседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Иако нема официјално објавен распоред на средби, Хан сигурно ќе се сретне со шефовите на четирите најголеми политички партии. Свечената седница на Советот на јавни обвинители, на […]

Партиите се договорија за тимот на Јанева, преговорите на работните групи продолжуваат

октомври 17, 2015

Денеска, точно напладне, продолжуваат преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за изборните закони, откако утринава тие се договорија да го деблокираат спорот за специјалното обвинителство. Имено, како што дознава „Мета“, во 1 часот по полноќ, четирите политички партии потпишаа писмо кое треба да го испратат до министерот за правда, […]

Совет на обвинители: Јанева треба да работи по закон, а не да води политика

октомври 16, 2015

Јавните обвинители и обвинителката Катица Јанева се избрани да ја вршат надлежноста во согласност со законот, а не да водат политика, реагираат од Советот на јавни обвинители на денешното соопштение на Јанева, во кое таа ги повикува обвинителите избрани во нејзниот тим да не дадат свечена изјава. Ваквата постапка на специјалната обвинителка од Советот ја […]

Јанева бара избраните обвинители во нејзиниот тим да не дадат свечена изјава

октомври 16, 2015

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, бара од седумте избрани обвинители во нејзиниот тим да не дадат свечена изјава и истовремено го повикува Советот на јавни обвинители да закаже седница и да го избере целосниот тим што го предложи таа, стои во писменото соопштение од кабинетот на специјалната обвинителка до медиумите. Според Јанева, давањето свечена изјава […]

Колку Зврлевски е неполитички обвинител, кажаа Јанкулоска и Ставрески во „бомбата“

октомври 15, 2015

Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој изјави дека за него специјалното обвинителство е политичко обвинителство, во една од „бомбите“ на опозицијата беше споменат од двајца политичари, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министрека за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на кои, според снимката, им завршил работа и отфрлил кривична пријава поднесена против Ставрески. Во аудиоснимката што […]

ЕУ: Законот за специјалниот обвинител е јасен, Јанева треба да добие целосна поддршка

октомври 15, 2015

Почитувањето на правото е особено важно, соопштија денеска од Мисијата на Европската унија во Република Македонија, по вчерашната одлука на Советот на обвинители да одобри само седум од 14 обвинители што ги предложи специјалната обвинителка, Катица Јанева. „Специјалниот обвинител беше договорен од четирите политички партии и беше назначен од Собранието и од Советот на обвинители. Во […]

ДУИ: Советот на обвинители и Катица Јанева да ја надминат настанатата ситуација

октомври 15, 2015

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) се надева дека Советот на јавни обвинители во соработка со специјалната обвинителка ќе ја надминат настанатата ситуација со заемно разбирање и дека ќе дејствуваат во согласност со Законот за специјален обвинител што беше усвоен од четирите најголеми политички партии со 111 гласа“, стои во денешното писмено соопштение на ДУИ. Во […]

Амбасада на САД: Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители

октомври 14, 2015

Со реакција за одлуката на Советот на јавни обвинители да одобри само седум од 14 кандидати за помошници обвинители, се јави и американската амбасада во Македонија. Од Амбасадата на САД велат дека се загрижени поради одлуката на Советот. „Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители и ја разгледуваме ситуацијата“, пишува во реакцијата на […]

Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за предлозите на Јанева

октомври 14, 2015

Советот на јавни обвинители денеска, 14 октомври, на седница чиј почеток е закажан за 11 часот, ќе решава за изборот на тимот што ќе ѝ помага на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување. На дневен ред на седницата ќе бидат две точки, односно членовите на Советот ќе го разгледуваат […]

Обвинителствата контра Катица Јанева: Специјалното обвинителство е неуставно

октомври 14, 2015

Обвинителите кои вчера присуствувале на состанокот со државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, меѓу другото, изразиле незадоволство од донесувањето на Законот за специјално обвинителство, кој го оцениле како неуставен и повикале на поднесување иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Присутните побараа да се достави барање до Советот на јавните обвинители, […]

Советот на јавни обвинители утре ќе решава за предлозите на Јанева

октомври 13, 2015

Советот на јавни обвинители за утре, 14 октомври, ја закажа седницата на која неговите членови ќе решаваат околу изборот на тимот што ќе ѝ помага на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување. На дневен ред на седницата ќе бидат две точки, односно членовите на Советот ќе го разгледуваат општиот […]

Советот на јавни обвинители денеска „ќе реши кога ќе решава“ за предлозите на Јанева

октомври 13, 2015

Членовите на Советот на јавни обвинители денеска ќе имаат состанок на кој ќе го прецизираат датумот на одржување на седницата за расправа и за избор на предлог-тимот што ќе ѝ помага на специјалата јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување, изјави за „Мета“ претседателот на Советот, Петар Аневски. Според Аневски, седницата […]

САД и ЕУ: Од суштинска важност е Советот на јавни обвинители да го именува тимот на Јанева

октомври 13, 2015

Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Делегацијата на Европската унија во Скопје го поздравуваат досега постигнатиот напредок во однос на спроведувањето на законот за јавниот обвинител за истраги за прислушуваните комуникации, што е клучен сегмент од политичкиот договор. Тие велат дека позитивни моменти претставуваат брзото именување на Катица Јанева на функцијата јавен обвинител за истражување […]

Јанева утре ќе ги достави документите што ѝ ги побара Советот на обвинители

октомври 8, 2015

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, најдоцна утре ќе ги достави сите документи, односно работен, персонален и финансиски план, што ѝ ги побара Советот на јавни обвинители за да донесе одлучка по предлогот на Јанева за нејзиниот тим од 14 помошници, соопштија денеска од канцеларијата на специјалната обвинителка. Седницата на Советот на јавни обвинители на која треба […]

Советот на обвинители ќе го избира тимот на Јанева наредната недела

октомври 5, 2015

Седницата на Советот на јавни обвинители, за избор на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, и покрај неофицијалните најави дека ќе се одржи утре или в среда, сепак е одложена за наредната седмица. Ова за весникот „Утрински“, го потврдил претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, кој ги навел и причините за одлагањето на […]

Специјалната обвинителка го состави својот тим, чека амин од Советот на обвинители

септември 30, 2015

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, денеска на прес-конференција соопштила дека го составила тимот на јавни обвинители што ќе ѝ помагаат во решавањето на наводите од содржината на снимките од „бомбите“ на опозицијата, јавува „Нова ТВ“. Јанева соопштила дека до Советот на јавни обвинители ќе ги предложи имињата на 14 обвинители кои ќе бидат дел од нејзиниот […]

Специјалната обвинителка Јанева ќе биде сместена во Министерство за правда

септември 28, 2015

Од денеска специјалната јавна обвинителка е сместена во просториите на Министерството за правда, објави „Телма“. Ова го потврди министерот Јашари и додаде дека на специјалната обвинителка минатата недела ѝ биле понудени простории преку секторот за заеднички работи на Владата, но таа ги одбила како несоодветни. По ова е распишан нов тендер за понуда на простории […]

Јанева сама се предложила „кај адекватните луѓе“ за специјална јавна обвинителка

септември 21, 2015

Катица Јанева во интервјуто за телевизија „24 Вести“ рече дека таа сама се предложила да биде специјална јавна обвинителка и дека конкурирала и контактирала со „адекватните луѓе“. Јанева верува дека таа и тимот ќе имаат доволно капцитет да се справат со предметите што ќе бидат под нејзина надлежност. – Со изборот бев и јас изненадена. Лично, […]

Страна 1 од 2