fbpx

Ден на политички одлуки, посети, седници, закони – ќе бидат ли доволни 24 часа?

-

Безмалку сите настани што внесоа напнатост на политичката сцена изминатава недела ќе се прелеат во денешната агенда.

  • Посета на високиот комесар за проширување и меѓусоседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Иако нема официјално објавен распоред на средби, Хан сигурно ќе се сретне со шефовите на четирите најголеми политички партии.
  • Свечената седница на Советот на јавни обвинители, на која избраните седуммина помошници-обвинители од тимот на Катица Јанева ќе треба да дадат свечена заклетва. Но, иако станува збор за формално-законска процедура, можно е овој настан да добие сосема поинаков тек.
  • Исход од писмото што го потпишаа четирите партии за деблокирање на спорот со специјалното обвинителство, заради кој преговорите за изборниот закон неколку дена беа „неактивни“. Со писмото, министерот за правда, Аднан Јашари, кому му е доделена посредничката улога, треба да сугерира и да издејствува од Советот на јавни обвинители да го прифати целиот тим на Јанева од 14 обвинители. Покрај тоа, Јанева апелираше до избраните колеги од својот тим да не дадат свечена изјава сè додека не се изберат и другите седум предложени обвинители.
  • Собраниска седница на која според најавите е и изборниот закон за кој рано вчераутро, по 15 часа преговори, се усогласија работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...