ЕУ: Законот за специјалниот обвинител е јасен, Јанева треба да добие целосна поддршка

-

Почитувањето на правото е особено важно, соопштија денеска од Мисијата на Европската унија во Република Македонија, по вчерашната одлука на Советот на обвинители да одобри само седум од 14 обвинители што ги предложи специјалната обвинителка, Катица Јанева.

„Специјалниот обвинител беше договорен од четирите политички партии и беше назначен од Собранието и од Советот на обвинители. Во согласност со мандатот што ѝ е доделен, таа треба да ја добие неопходната поддршка за да ја врши својата работа“, соопштија од ЕУ.

Од Мисијата на ЕУ, истакнуваат дека Законот за специјален обвинител е јасен за тоа како таа треба да биде поддржана во спроведувањето на својата задача.

Со реакција на одлуката на Советот на јавни обвинители, денеска излезе и американскиот амбасадор, Џес Бејли, кој истакна дека на специјалната обвинителка треба да ѝ се дадат ресурсите што ѝ се потребни.

Советот на обвинители вчера одлучи да го намали бројот на обвинители што ќе работат во Специјалното јавно обвинителство, а државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, по седницата на Советот изјави дека Специјалното јавно обвинителство е политичко обвинителство и потврди дека се подготвува иницијатива за утврдување на уставноста на Законот за специјален обвинител.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...