четврток, 4 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Специјален јавен обвинител | 55 резултати

Котевски: Ванхауте знае кого и колку притиска

27 октомври 2015

„Преговорите се живи и разговорите се во тек, но за тоа најубаво да го прашате посредникот во разговорите, Питер Ванхауте“, вели и денеска директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. На прашање на „Мета“ дали во билатералните средби што посредникот ги има со партиите, поголем е притисокот кон ВМРО-ДПМНЕ, Котевски вели дека за да […]

Што ги кочи преговорите на работните групи?

23 октомври 2015

Поминаа речиси пет месеци од потпишувањето на Договорот од Пржино на 2 јуни и еден месец помалку од Протоколот потпишан на 15 јули, исто така, во Пржино. Кога почнаа средбите на работните групи, преговорите имаа некаков успех, се избра специјален обвинител, се донесе закон за специјално обвинителство, но веќе осум дена, откако Советот на јавни […]

Јанева бара избраните обвинители во нејзиниот тим да не дадат свечена изјава

16 октомври 2015

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, бара од седумте избрани обвинители во нејзиниот тим да не дадат свечена изјава и истовремено го повикува Советот на јавни обвинители да закаже седница и да го избере целосниот тим што го предложи таа, стои во писменото соопштение од кабинетот на специјалната обвинителка до медиумите. Според Јанева, давањето свечена изјава […]

ЕУ: Законот за специјалниот обвинител е јасен, Јанева треба да добие целосна поддршка

15 октомври 2015

Почитувањето на правото е особено важно, соопштија денеска од Мисијата на Европската унија во Република Македонија, по вчерашната одлука на Советот на обвинители да одобри само седум од 14 обвинители што ги предложи специјалната обвинителка, Катица Јанева. „Специјалниот обвинител беше договорен од четирите политички партии и беше назначен од Собранието и од Советот на обвинители. Во […]

Ван Хојте: Тажно е што некои луѓе мислат дека можат да го прекршат сопствениот закон

14 октомври 2015

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте денеска по одлуката на Советот на јавни обвинители да избере само половина од тимот што го побара специјалната обвинителка Катица Јанева, изјави дека со тоа не е испочитуван Законот за специјално обвинителство. – Законот предвидува обвинителката да ги добие сите ресурси, финансиски и кадровски, што таа ги побара и за што […]

Јанева утре ќе ги достави документите што ѝ ги побара Советот на обвинители

8 октомври 2015

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, најдоцна утре ќе ги достави сите документи, односно работен, персонален и финансиски план, што ѝ ги побара Советот на јавни обвинители за да донесе одлучка по предлогот на Јанева за нејзиниот тим од 14 помошници, соопштија денеска од канцеларијата на специјалната обвинителка. Седницата на Советот на јавни обвинители на која треба […]

Советот на обвинители ќе го избира тимот на Јанева наредната недела

5 октомври 2015

Седницата на Советот на јавни обвинители, за избор на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, и покрај неофицијалните најави дека ќе се одржи утре или в среда, сепак е одложена за наредната седмица. Ова за весникот „Утрински“, го потврдил претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, кој ги навел и причините за одлагањето на […]

Специјалната обвинителка Јанева ќе биде сместена во Министерство за правда

28 септември 2015

Од денеска специјалната јавна обвинителка е сместена во просториите на Министерството за правда, објави „Телма“. Ова го потврди министерот Јашари и додаде дека на специјалната обвинителка минатата недела ѝ биле понудени простории преку секторот за заеднички работи на Владата, но таа ги одбила како несоодветни. По ова е распишан нов тендер за понуда на простории […]

Јанева сама се предложила „кај адекватните луѓе“ за специјална јавна обвинителка

21 септември 2015

Катица Јанева во интервјуто за телевизија „24 Вести“ рече дека таа сама се предложила да биде специјална јавна обвинителка и дека конкурирала и контактирала со „адекватните луѓе“. Јанева верува дека таа и тимот ќе имаат доволно капцитет да се справат со предметите што ќе бидат под нејзина надлежност. – Со изборот бев и јас изненадена. Лично, […]

Се трупаат барањата Јанева да биде „Катица за сè“?

18 септември 2015

„Маѓар телеком“, „Монструм“, „Куманово“, „Сопот“, „Кампања“ и сите нерешени случаи и корупција во државата да ги решава Специјалното јавно обвнителство. Ова се барања од аналитичарите и од помалите политички партии до специјалното јавно обвинителство. Вчера во медиумите се појави шпекулација дека министерот за правда Аднан Јашари, на средба со новата специјална обвинителка, побарал таа да го […]

Хан: Изборот на специјалниот обвинител не е крај на приказната

17 септември 2015

Именувањето на специјалниот јавен обвинител е важен елемент за нормализацијата на политичката состојба во Македонија, но тоа не е крај на приказната, изјави денеска во Брисел еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на ден пред посетата на Скопје. Хан го поздрави назначувањето на специјалниот обвинител, но порача дека Европската комисија ќе продолжи […]

Заев: Јанева ќе ги чешла и „Монструм“, „Куманово“, „Телеком“ и Бошкоски ако ги има во „бомбите“

17 септември 2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не ја исклучува можноста Специјалниот јавен обвинител да ги разгледува и случаите „Куманово“, „Монструм“, „Маѓар телеком“ и случајот  на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Заев, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кажа дека надлежност на специјалниот обвинител ќе биде сè она што се спомнува во „бомбите“. – Ако […]

Груевски: Не се плашам од Катица Јанева

16 септември 2015

Премиерот Никола Груевски не се плаши од специјалниот јавен обвинител. Тој денеска при посетата на Клиничкиот центар рече дека нема зошто да се плаши од специјалниот обвинител, објави „МКД.мк“ – Се разбира, не се плашам, нема зошто да се плашам – одговори Груевски на новинарско прашање. На прашањето чиј бил предлогот Катица Јанева да биде […]

Пратениците го изгласаа Законот за Специјален јавен обвинител

15 септември 2015

Со 111 гласа „за“ од присутни 114 пратеници, изгласан е Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Свое излагање на пленарната седница имаа пратениците Петре Шилегов, Илија Димовски, Павле Трајанов, Солза Грчева, Роза Топузова-Каревска, Беким Фазлиу, Лилјана Поповска и Талат Џафери. Пратениците членови на […]

„Цивил“: Специјалната обвинителка веднаш да се зафати со предметите за тешки злоупотреби и за криминал

15 септември 2015

Невладината ЦИВИЛ го поздравува изборот за Специјална јавна обвинителка на која и посакуваат многу храброст и среќа да се соочи со тешките предизвици кои се пред неа. „Специјалната јавна обвинителка мора веднаш да се зафати со предметите за тешки злоупотреби и за криминал, кои се поврзани или произлегуваат од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. […]

Европската комисија го поздрави договорот и чека законот да помине во Собрание

15 септември 2015

Европската комисија го поздрави постигнатиот договор за назначување специјален јавен обвинител, соопшти Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан за време на денешната редовна прес-конференција. – Го поздравуваме договорот кој утринава во Скопје го постигнаа политичките партии за назначување на специјалниот јавен обвинител, кој беше важен елемент од политичкиот договор, кој беше посредуван од комесарот […]

„Твитер“: Катица го урна „Гугл“, Македонија си доби KATwoman

15 септември 2015

Jавната обвинителка, Катица Јанева, која рано утринава беше избрана за специјален јавен обвнител, е вистинска енигма. Освен името и кратка биографија, за јавната обвинителка од Гевгелија на пребарувачот „Гугл“ не може да се најде ни фотографија, што предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Гугл ќе ставеше слика на почетната страна од Катица, ама ни они […]

Партиите договорија нов закон и име за специјален обвинител

15 септември 2015

По маратонските разговори на работните тимови на преговарачките групи, партиите утрово постигнаа договор за посебен закон за специјалниот јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори блиски до преговарачките тимови. Како што дознаваме, постигнат е договор и за името на специјалниот обвинител, за кое се очекува да биде соопштено денеска. Според процедурата, законот би требало денеска веќе […]

„Ајде“ со мирен собир ќе му даде поддршка на специјалниот јавен обвинител

14 септември 2015

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ утре, во 18 часот, пред Собранието на Република Македонија, ќе организира мирен собир со кој ќе му даде поддршка на специјалниот јавен обвинител, но и јавно ќе ги соопшти очекувањата. „Ние, граѓаните на Република Македонија, целосно сме посветени и истрајни во битката за правда, слобода и за демократија. Ова треба да му […]

Милошоски: Разговорите се сериозни, правиме сè што можеме

14 септември 2015

Сериозни се разговорите, правиме сè што можеме, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пред почетокот на денешната средба на работните групи од партиите потписнички на Договорот од Пржино, за избор на специјален обвинител, што се одржува во Клуб на пратеници. На средбата со претставниците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА, се и белгискиот олеснувач Питер ван […]

Страна 1 од 3