fbpx

Аневски: На Јанева засега ѝ се доволни седум обвинители

-

Советот на јавни обвинители останува на ставот дека изборот на обвинители во тимот на Катица Јанева е завршена работа и дека засега нема потреба од седница за комплетирање на тимот, бидејќи нема нови околности, изјави претседателот на Советот, Петар Аневски, по денешната промоција на публикациите за антидискриминација во Академијата за судии и јавни обвинители.

– Тоа е одлучено, определен е бројот на јавни обвинители и имаме објавено во Службен весник. Избрани се седум јавни обвинители од тоа обвинителство и со специјалниот јавен овбвинител се осум, што е сосема доволно за да се почне со работа. Второто обраќање од обвинителката е повторно со истите имиња и нема никакви нови околности. Мислам дека непотребно се крева тензијата. Обвинителите требаше да дадат свечена изјава, меѓутоа таа упати апел да не доаѓаат, што е невидена работа досега во Советот. Мислам дека треба Специјалното јавно обвинителство да почне да работи, а во иднина да се размислува за зголемување на бројот на јавни обвинители – рече Аневски.

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, вчера, во краток телефонски разговор, за „Мета“ рече дека не сака ниту официјално, ниту неофицијално да ја коментира настанатата ситуација и за сите отворени прашања упатува на надлежните институции, односно на Советот на јавни обвинители, Владата и на Министерството за правда.

Освен бројот на обвинители во нејзиниот тим, засега нема официјални информации ниту дали Владата ги одобрила финансиите што ги побара Јанева, како и просториите за работа, кои требаше да ги обезбеди Министерството за правда.

– Јас моите планови ги доставив навреме, во определениот рок. За нив треба да се произнесе и со официјален став да излезе Владата – изјави Јанева за „Мета“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...