fbpx

Јанева: Јас работам, а за сè друго нека кажат Владата и Советот на обвинители

-

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, не сака официјално, ниту неофицијално да ја коментира настанатата ситуација со Специјалното јавно обвинителство и за сите отворени прашања нè упатува на надлежните институции, односно Советот на јавни обвинители, Владата и Министерството за правда.

Ова е суштината на краткиот телефонски разговор на „Мета“ со специјалната обвинителка Јанева.

– Ние работиме на тековни работи, за настанатата ситуација треба да се обратите до Советот на јавни обвинители и да побарате одговор од нив – вели Јанева.

Околу финансиите, односно буџотот од еден милион евра, што таа ги побара за работа на обвинителството, а за кои сè уште нема никакви информации дали се одобрени, Јанева вели дека за општиот работен, персонален и финансов план, треба да каже Владата.

– Јас моите планови ги доставив навреме, во определениот рок. За нив треба да се произнесе и со официјален став да излезе Владата – изјави Јанева за „Мета“.

Истото се однесува и на просториите за работа, за кои Министерството за правда, според Јанева, треба официјално да каже дали се обезбедени.

Според Законот за специјален обвинител, во понеделникот минатата недела (19 октомври), Владата требаше да ги одобри бараните финансии на Јанева, а Министерството за правда да ги обезбеди просториите за работа на Специјалното јавно обвинителство.

Се обидовме, но не добивме одговор од Владата, за тоа дали е одржана седница на која се разгледувани плановите што ги достави Јанева и дали, евентуално, нешто е одлучено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...