fbpx

Собранието му испрати мислење на Уставниот суд за законот за специјално обвинителство

-

Собранието му испратило мислење на Уставниот суд за законот за специјалното обвинителство, чија уставност ја оспори адвокат од Свети Николе, објави телевизијата „24 Вести“.

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за телевизијата соопштиле дека стручните служби го изработиле мислењето, а генералниот секретар, Жарко Денковски, го испратил до Уставниот суд.

Како што пренесува „24 Вести“, од кабинетот на Вељаноски не сакале да соопштат детали околу содржината на мислењето.

Испраќањето на мислењето следува откако белгискиот олеснувач во преговорите, Питер ван Хојте, вчера на брифинг со новинарите рече дека Уставниот суд поднел барање за толкување на законот за специјалното јавно обвинителство, но некои луѓе во Собранието сметале дека тоа барање не треба да се стави на дневниот ред. Тој истовремено додаде дека „иако законот за специјален јавен обвинител е многу јасен и конкретен, сепак неговата работа е закочена“.

Сè уште е неизвесна и разврската на спорот меѓу Советот на јавни обвинители и специјалната обвинителка Катица Јанева околу изборот на комплетниот тим што го предложи таа. Вчера Советот одби да го стави на дневен ред барањето на Јанева за избор на останатите седум обвинители од нејзиниот тим.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...