fbpx

Роковите ги газат преговарачите, медиумите и привремената влада

-

Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино се во ќор-сокак, а пробиен е рокот за изборната регулатива, која требаше да биде усогласена до 6 октомври.

Поради пробивањето на овој рок, постои можност да се одолжат и другите отворени прашања. Преговорите, барем за јавноста, беа во ред сè додека координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, во соработка со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, не го поднесе предлог-законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали во медиумите и на социјалните мрежи.

На дневен ред останаа уште неколку отворени прашања за кои треба да се најде решение:

  • Проблемите во медиумите (рок: 15 октомври 2015 – задутре!)
  • Привремената влада со министри и заменици-министри на СДСМ ( рок: 20 октомври 2015 – за една недела! )
  • Нацрт-верзии на законите за свиркачи и за „мораториум за бомбите“ (рок: 20 октомври 2015 – за една недела!)

Сè уште нема никаков одговор, ниту од партиите ниту, пак, од нивните преговарачи дали пробивањето на рокот за изборната регулатива ќе го одложи решавањето на отворените прашања во другите групи.

Работната група која треба да ги разгледува и да ги решава проблемите во медиумите се сретна само еднаш. На првата средба беа поканети и претставници на медиумските организации ЗНМ и МАН, како и други експерти кои изнесоа ставови како најлесно да се регулира оваа сфера. Но, од таа средба не излезе никаков конкретен договор, а прашањата за медиумите остануваат отворени. Сè уште нема ни најава кога треба да има нова средба на која ќе се решаваат проблемите.

На првата средба, претставникот од СДСМ, Роберт Поповски, кажа дека прашањето за медиумите е клучно за одржување фер и демократски избори и затоа инсистираат ова прашање да се реши до 15 октомври (задутре!).

– Медиумите треба да имаат доволно време за да се средат до изборите закажани за април 2016 година. Ако ова не се реши, нема да можеме да се оттргнеме од нивните розови очила – изјави Поповски.

Решавањето на проблемите во медиумите требаше да го помага британскиот експерт за медиуми Ричард Бејли. На првата работна средба тој изнесе решенија како да се надмине проблемот со политичкиот притисок во медиумите во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...