fbpx
Таг: Совет на јавни обвинители

таг: Совет на јавни обвинители

Што и на кои теми одговараше Јанева во Советот на јавни обвинители

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска пред членовите на Советот на јавни обвинители го презентираше вториот шестмесечен извештај за работата на СЈО. Јанева пред членовите на Советот кажа дека во изминатите неколку месеци имале процесни пречки што им ја забавиле работата, но во овој момент тие биле веќе надминати. Јанева рече и дека очекува во Собранието да биде поднесена иницијативата за измена...

Јанева: Прислушуваните разговори се чуваат во сефови отпорни на лава

Прислушуваните материјали се чуваат во два сефа кои можат да издржат цел час вриење во лава, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Советот на јавни обвинители. Јавниот обвинител Сашо Василевски ја праша Јанева за техничкиот дел од постапката на преслушување на прислушуваните материјали, за тоа како се чуваат и како јавните обвинители ги преслушуваат. - Разговорите се сместени во два сефа...

Јанева го презентира извештајот во Советот на јавни обвинители

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пристигна во Советот на јавни обвинители, каде треба да го презентира шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Седницата на Советот на јавни обвинители е отворена за јавноста и дозволено е присуството на новинарски екипи. Истовремено, Јанева ја очекуваат и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, за пратениците да можат...

Утре Јанева треба да се клонира – во исто време ја чекаат и обвинителите и пратениците

Утре во 11 часот специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пред Советот на јавни обвинители треба да го презентира  вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Ова го потврди претседателот на Советот, Петар Аневски, кој рече дека сè уште не може да каже дали седницата ќе биде отворена за новинарите. Утре, во 11 часот, Јанева ја очекуваат и на седницата на...

Петар Аневски повторно избран за претседател на Советот на јавни обвинители

Досегашниот претседател на Советот на јавни обвинители на Република Македонија денеска повторно беше избран за вршител на таа функција. Седницата на која бил избран Аневски се одржала денеска, гласањето било тајно и тој добил најмногу гласови. На предлог на Аневски, за заменик-претседател е избран Арбер Исаку.

Извештајот на СЈО в понеделник пред пратениците

Вториот извештај на Специјалното јавно обвинителство в понеделник, во 12 часот, ќе се најде на пленарна седница на Собранието. На веб-страницата на Собранието закажана е седница со само две точки на дневен ред, односно извештајот на СЈО и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Македонија. Извештајот најверојатно ќе го презентира специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која на последната прес-конференција изрази...

СЈО го објави вториот извештај, очекува непречена работа во интерес на правдата

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска го објави вториот шестмесечен извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство, кое беше формирано пред точно една година. Извештајот, кој е на 16 страници, е поделен на шест глави, во кои се наведени детали за финансиското и за кадровското работење на СЈО во изминатите шест месеци, бројот на отворени предистражни и истражни постапки, двете...

Јанева потврди дека извештајот ќе го објави в четврток, но не кажува дали ќе оди во Собрание

Специјалното јавно обвинителство в четврток до Собранието и до Советот на јавни обвинители ќе го достави вториот шестмесечен извештај за својата работа, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму, сепак, не одговараат конкретно дали Катица Јанева лично ќе се појави во Собранието и пред Советот на јавни обвинители. „Извештајот ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители и до Собранието на...

Клучна недела за СЈО: В четврток нов извештај, в петок судење за „Пуч“

Неделава, според досега најавената агенда, се закажани два клучни  настани поврзани со работата на Специјалното јавно обвинителство. Првиот е поднесувањето на новиот шестмесечен извештај за работата на СЈО, на 15 септември, а вториот е закажаното рочиште во Кривичниот суд за случајот „Пуч“, следниот ден. Јанева вториот извештај ќе го поднесе на годишнината од нејзиното назначување за специјална јавна обвинителка и од...

Поранешниот министер за труд и социјала, Џелал Бајрами, избран за јавен обвинител

Советот на јавни обвинители денеска донесе одлука Џелал Бајрами, поранешниот министер за труд и социјална политика, член на ДУИ, да го избере за јавен обвинител во Републичкото јавно обвинителство, јавува „Алсат М“. Бајрами стана заменик на јавниот обвинител Марко Зврлевски, заедно со Анита Топалова-Исајловска, сопруга на новоименуваниот заменик-министер за надворешни работи Илија Исајловски. - Џелал Бајрами е избран за да се испочитува принципот...

Совет на обвинители: Јанева не може да биде надлежна за „Маѓар телеком“

Советот на јавни обвинители ги доставил до Основниот суд Скопје одлуките по барањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, за преземање на предметите „Маѓар телеком“, „Верушевски“, „Шпион“, „Поткуп“ и „Надеж“ во своја надлежност, соопшти денеска Кривичниот суд. Како што информираат оттаму, Советот одлучил дека за предметите не може да ги преземе СЈО и дека за нив се надлежни Основното јавно...

Аневски не и ги даде предметите што ги бара Јанева

Советот на јавни обвинители на денешната седница одлучи предметите за „Маѓар телеком“, за пиштолот на Зоран Верушевски и за детска порнографија против синот на Верушевски да се вратат во надлежност на матичните јавни обвинителства Основното јавно обвинителство Скопје и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, рече дека на Јанева ѝ...

Катица Јанева се појави во Советот на јавни обвинители

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се појави во Советот на јавни обвинители каде што трае седницата. Таа во Советот се задржа кратко и на заминување изјави дека нема потреба да им објаснува на членовите на Советот зошто смета дека е надлежна за случаите „Маѓар Телеком“, „Шпион“ и „Верушевски“ и се повика на Законот за специјално јавно обвинителство, односно делот...

Аневски: Јанева в среда да дојде и да објасни зошто го бара „Маѓар Телеком“

Членовите на Советот на јавни обвинители денеска на седница ги разгледувале барањата на Специјалната обвинителка Катица Јанева за преземање на предметот на „Маѓар Телеком“ и двата случаи со Зоран Верушевски и неговиот син и заклучиле дека Јанева мора да се појави пред Советот и да образложи врз што ја темели надлежноста над овие предмети. Претседателот на Советот, Петар Аневски ја...

Јанева очекува согласност од Аневски за да го преземе случајот „Маѓар Телеком“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на денешната прес-конференција соопшти дека во текот на оваа недела ќе го преземе и случајот „Маѓар Телеком“, во кој поранешни високи државни функционери се осомничени дека примиле поткуп за да не дозволат влез на трет мобилен оператор во земјава пред десетина години. „Маѓар Телеком“ еден од предметите кои Јавното обвинителство одби да му ги предаде...

Јанева: Не ги деградирам институциите туку се сомневам во резултатот на изборите

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска преку соопштение појаснува дека нејзината изјава околу легитимноста на институциите била во насока на укажување на важноста на истрагите на СЈО и на „улогата на фер и демократски избори во градењето на институциите и на нивниот легитмитет“, а не во насока на „деградирање на државните институции“. „Како што и во самата изјава наведов, имајќи ги предвид...

На Јанева не ѝ даваат да дише – секој ја кани, куди и ја прозива

Името на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, минатата седмица, а според редот на најавените настани и оваа недела ќе биде најспоменувано. Сите ја канат, а по нејзиното недоаѓање, ја кудат и ја обвинуваат за непочитување на институциите. А работата поради која овие две недели не ја остават да дише е извештајот за нејзината шестмесечна работа. Минатата недела Јанева до Собранието и...

Извештајот на Јанева денеска пред собраниска комисија

Собраниската комисија за политички системи и односи меѓу заедниците денеска во 11 часот ќе го разгледува извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Не се очекува Јанева да присуствува на седницата. Специјалната обвинителка не присуствуваше и на седницата на Советот на јавни обвинители за извештајот, во петокот минатата недела, поради што, како што соопшти претседателот на Советот, Петар...

СЈО: Дали Јанева ќе оди на седница ќе кажеме кога ќе добиеме известување од Советот

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ќе одлучи и ќе каже дали ќе присуствува на седницата на Светот на јавни обвинители в среда, за кога е презакажно разгледувањето на нејзиниот извештај, откако ќе добие писмена покана од Советот, кој денеска го одложи разгледувањето на документот поради неприсуството на Јанева. - Првин да добиеме писмено известување од Советот на јавни обвинители за...

Советот на јавни обвинители ќе ја чека Јанева за да го разгледува извештајот

Советот на јавни обвинители на денешната седница не го разгледа извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, поради тоа што таа не беше присутна, а претседателот на Советот, Петар Аневски, тоа го оцени како „непријатна работа“ и „непочитување на институцијата“. Аневски рече дека Јанева е должна да дојде на седницата меѓу другото и поради бројните нејаснотии и проблематични делови во извештајот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...