fbpx

Закажани трите „директорски“ седници на Комисија за избор и именувања

-

Претседателот на собраниската Комисија за избор и именувања, Илија Димовски, за денеска закажа три седници на комисијата, на кои се очекува да се избере главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија. Ревизорите работат без директор речиси две години, при што во изминатиов период во неколку наврати реагираа вработените, но и граѓанските организации.

На другите две седници на собраниската комисија треба да се донесе одлука и за изборот на директори и заменик директори на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на Дирекцијата за заштита на личните податоци, како и за директор на Агенцијата за квалитет во високото образование.

Пратениците треба да одлучуваат и за избор на членови во Судскиот совет, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Програмскиот совет на МРТ и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и на член во Советот на јавни обвинители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...