среда, 21 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: дискриминација | 141 резултати

Правобранителот констатирал дискриминација во учебникот „Општество“ за 4. одделение

7 јули 2017

Народниот правобранител позитивно се произнесе во однос на претставката што беше поднесена со помош на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ (СЗПМЗ), која најпрво беше иницирана од 40-тина мајки кои живеат во еднородителски семејства, вонбрачни заедници и брачни заедници, поддржани дополнително и од страна на останати осум организации, информираше Коалицијата СЗПМЗ. Лицата и организациите […]

Од ЕУ и од Советот на Европа – 3,9 милиони евра за борба против криминалот и дискриминацијата

14 март 2017

Од властите на Турција и на земјите од Западен Балкан вклучени во програмата „Хоризонтална поддршка“, зависи колку ќе искористат од предвидените 25 милиони евра за обезбедување на правдата, борба со дискриминацијата и за заштитата на правата на ранливите групи, како и за борбата со економскиот криминал, порача денеска Пилар Моралес, раководител на програмскиот оддел на […]

Две штипјанки ги загубиле работните места бидејќи останале бремени

23 февруари 2017

На две штипјанки не им биле продолжени договорите за работа, бидејќи останале бремени. Тие случаите ги пријавиле во Комисијата за заштита од дискриминација при Општината Штип, но тоа не ги спасило од статусот невработени мајки. Ова како податок го изнесе Снежана Санева од Комисијата за заштита од дискриминација, а дека отказите не добиле завршница во […]

Кампања на ХЕРА за заштита од секаква дискриминација

22 февруари 2017

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) заедно со Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, а со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, од денеска ја почнува кампањата за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Пораката на кампањата е „Ако е вообичаено, не […]

Туманоска: Лицата со здравствени проблеми и Ромите се отфрлени од пазарот на трудот

21 февруари 2017

„Секој може и има право да биде вработен“ е насловот на панел-дискусијата што денеска се одржа на Државниот универзитет Тетово. На дискусијата беше презентиран проект наречен социјално менторство. Проектот ќе опфаќа обуки на лица кои се под ризик од социјална исклученост од пазарот на трудот. – Ова категорија граѓани ќе бидат под надзор на центрите за вработување и […]

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО да работи законски, а не да се заканува на чесни граѓани

9 февруари 2017

Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест, a заканите од страна на Специјалното јавно обвинителство упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт, се вели во реакцијата […]

Трамп ќе продолжи да ги штити работните права на ЛГБТ-заедницата

1 февруари 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи да го спроведува указите за заштита на права на ЛГБТ-заедницата на работното место, соопшти Белата куќа. „Претседателот Доналд Џ. Трамп е одлучен да ги заштити правата на сите Американци, вклучувајќи ја и ЛГБТ-заедницата. Претседателот Трамп продолжува да ги почитува и да ги поддржува ЛГБТ-правата, исто како што тоа го […]

Талески од притвор распишувал огласи за вработување во Општина Битола

22 септември 2016

Додека бил во куќен притвор, градоначалникот Владимир Талески распишувал огласи за вработување во општинската администрација, обвинија денеска битолските социјалдемократи, тврдејќи дека вработувањата се незаконски бидејќи не добиле амин од Советот на Битола. Покажувајќи го огласот, советникот Благојче Котевски рече дека станува збор за вработувања на 19 државни службеници. – Ова е огласот за вработување во […]

Шведската влада им плати надомест на 11 Роми поради дискриминација

11 јуни 2016

Шведскиот суд ѝ наложи на владата да исплати 3.200 евра како надомест за 11 Роми, кои покренале тужби за дискриминација затоа што полицијата собирала информации за нив. Шведскиот весник „Дагенс нихетер“ објави дека полицијата на југот на Шведска собирала информации за илјадници Роми, иако многу од нив не биле осомничени за сторен криминал. Полицијата негирала […]

Жените, со чесни исклучоци, неми и тивки за улогата што им ја додели Груевски

25 јануари 2016

Ниту една организација за жени не реагираше на говорите на Никола Груевски и на Даниела Рангелова, претседателката на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, на годишната конференција. Настанот беше организиран, пред сè, за унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, на која жените не само што беа последни во поздравниот говор на нивната претседателка, туку за нив и за тоа што […]

Собранието ги изгласа членовите на Комисијата за заштита од дискриминација

11 јануари 2016

Собранието на Република Македонија со 62 гласа „за“ и со еден глас „против“, во рамки на 85. седница, ги избра Тони Науновски, Александар Даштевски, Александар Спасеновски, Нена Неновска-Георгиевска, Јован Ананиев, Ирфан Дехари и Беким Кадриу за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Опозицискиот СДСМ номинирањето на Науновски и на Даштевски го оцени како скандалозно, […]

Поповска: ЛГБТИ луѓето се оставени како сираци од својата држава

25 август 2015

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ денеска изјави дека Законодавно-правната комисија на Собранието го губи својот кредибилитет. Поповска вели дека при сите нејзини аргументи, Комисијата ги одбива дополните на Законот за спречување и заштита од дискриминација со зборовите сексуална ориентација и родов идентитет, како основи за дискриминација. – Со ова дозволувате ЛГБТИ луѓето да бидат оставени […]

Сите кои се сведоци или жртви на говор на омраза да ги пријават случаите

22 јули 2015

По повод 22 јули, Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза, Комисијата за заштита од дискриминација ги повика сите граѓани кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза да ги пријават случаите, со оглед на тоа што, како што посочуваат од Комисијата, и дискриминацијата преставува мотив за кривични дела од омраза. […]

ДС: Уставен суд да се произнесе за иницијативата за советот за одговорност на судии

8 јули 2015

Демократскиот сојуз го повикува Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за поведување постапка за оценување на уствноста на членот 6 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување на одговорност на судија, која од паријата ја доставија во февруари годинава. Демократскиот сојуз побара од Уставниот суд да донесе и […]

Град Скопје спонзорира настани што промовираат хомофобија

10 јуни 2015

Постерот за најава на „Мото-фестивал 2015“, чиј официјален и главен покровител е Град Скопје, повторно го содржи хомофобичниот симбол – знак од двајца мажи во сексуална поза пречкртан со црвено – како индекс за забрана, ставен веднаш покрај забраната за присуство на сатанисти (симболички обележано со 666) и за носење животни, оружје, ножеви и запалливи материјали. Од Градот велат […]

Во Делчево е донесена првата пресуда за дискриминација

15 април 2015

Основниот суд во Делчево ја донесе првата пресуда каде се утврдува дискриминација. Во овој случај, судот утврди дискриминација затоа што Општина Делчево (тужена странка) не изградила тротоар и рабници кои ќе можат да ги користат и лицата со посебни потреби. Дополнително, Судот ја задолжи Општината да му надомести на тужителот нематеријална штета за претрпен страв […]

Анализа: Законот не нè заштитува од дискриминација

21 ноември 2014

Законот за спречување и заштита од дискриминација не воспоставува во целост ефикасна и конзистентна правна и институционална рамка за спречување и за заштита од дискриминација. Ова е заклучокот на анализата на недостатоците во Законот за спречување и заштита од дискриминација, напревна од Институтот за човекови права. Анализата покажува дека во практика се воочуваат нејасни и […]

Страна 7 од 7