fbpx

Трамп ќе продолжи да ги штити работните права на ЛГБТ-заедницата

-

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи да го спроведува указите за заштита на права на ЛГБТ-заедницата на работното место, соопшти Белата куќа.

„Претседателот Доналд Џ. Трамп е одлучен да ги заштити правата на сите Американци, вклучувајќи ја и ЛГБТ-заедницата. Претседателот Трамп продолжува да ги почитува и да ги поддржува ЛГБТ-правата, исто како што тоа го правеше за време на изборите“, стои на соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа.

Од Белата куќа наведуваат дека претседателот Трамп е горд што кој е првиот номиниран од Републиканската партија, кој ја спомнал ЛГБТ-заедницата во својот говор за прифаќањето на номинацијата, заложувајќи се за заштита на заедницата од насилство и од опресија.

„Указот кој е потпишан во 2014 година, кој ги штити вработените ЛГБТ-лица од дискриминација на работното место, додека работат за федерални изведувачи, ќе остане непроменет по наредба на претседателот Доналд Џ. Трамп“, соопшти Белата куќа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...