fbpx

Град Скопје спонзорира настани што промовираат хомофобија

-

Постерот за најава на „Мото-фестивал 2015“, чиј официјален и главен покровител е Град Скопје, повторно го содржи хомофобичниот симбол – знак од двајца мажи во сексуална поза пречкртан со црвено – како индекс за забрана, ставен веднаш покрај забраната за присуство на сатанисти (симболички обележано со 666) и за носење животни, оружје, ножеви и запалливи материјали.

Од Градот велат дека во постапките за доделување средства за невладините организации, се води сметка апликациите на учесниците на конкурсите строго да ги почитуваат критериумите и основните права на сите заедници, малцински и маргинализирани групи.

– Овој принцип е испочитуван и во случајот на „Ноќните волци“, кои аплицирале со афирмативен проект, во кој со ништо не најавуваат активности што се спротивни на критериумите и основните принципи за заштита на човековите права. Град Скопје, доколку се утврди дека некои од проектите имаат дискриминативен карактер, се оградува од нив и во иднина ќе го преиспита пристапот до средства од буџетот за организациите што не ги почитуваат критериумите и принципите – велат од Град Скопје.

Но, од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, која во својата реакција најостро ги осудува тенденциозното ширење говор на омраза, хомофобијата и дискриминацијата од организаторите на „Мото-фестивал“ и од Град Скопје како официјален и главен покровител на настанот, велат дека иста ваква ситуација имало и во 2010 и во 2011 година.

„Во тие пригоди, Коалицијата реагираше и до Народниот правобранител и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по што Народниот правобранител го опомена Градот Скопје. Но и покрај тоа што Градот им се извини на сите граѓани поради дискриминаторските пораки и се обврза на идно спречување на дискриминација, оваа година можеме да заклучиме дека изјавата и намерите на градот биле неискрени и лицемерни. Јасно ни е дека организаторите на овој фестивал покажуваат целосно отсуство на основните цивилизациски придобивки и почитувањето на човековите права на сите, но сметаме дека е апсолутно недозволливо Градот Скопје, со пари кои ги собира од даноците на сите нас, граѓаните, да ја продолжува оваа хомофобична и дискриминаторска практика“, пишува во реакцијата на Коалицијата.

Тие бараат Град Скопје веднаш да го повлече спонзорството на фестивалот и да им се извини на сите граѓани директно навредени и дискриминирани со ваквите содржини. Дополнително бараат Градот да преземе афирмативни и директни активности со кои ќе ги покаже своите заложби за недискриминација и за почит и за толеранција кон ЛГБТИ-граѓаните. Коалицијата повикува на јавен бојкот на фестивалот и најавува тужби и претставки против организаторите и против Град Скопје.

Реакција на спонзорирањето на овој настан имаат и од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Велат дека секој трет граѓанин во Скопје има миленик или пак се гржи за миленик, и прашуваат зошто Град Скопје поддржува настани кои ги дискриминараат љубителите на животни.

– Градот Скопје со наши пари поддржува фестивали и настани кои не дискриминараат, тоа е страшно – велат од „Анима Мунди“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...