fbpx

Мрежа за заштита од дискриминација: Членовите на КСЗД да се бираат непристрасно

Од таму најавуваат дека ќе поднесат претставка до Уставниот суд

-

Претставниците на Мрежата за заштита од дискриминација, денеска (сабота 23.12.23) одржаа прес конференција и упатија апел до пратениците кога ќе гласаат за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) тоа да биде непристрасно и во корист на граѓаните заради кои и постои оваа институција. Од таму најавуваат дека ќе поднесат претставка до Уставниот суд.

Тие велат оти не бараат места за претставници за граѓанските организации во Комисијата, не бараат ниту пратениците и политичките партии да им направат услуга и да ги изберат. Туку, велат дека бараат фер, транспарентен и законски избор за сите позиции во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Но според нив, ова Собрание со години нема политичка волја тоа да го направи.

Како што соопштија од мрежата, една од кандидатките за член, Драгана Дрндаревска, вели оти одлуката да ѝ го „дадат најкраткиот мандат во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е понижувачка“ и кон нејзе и кон целиот граѓански што работи на ова поле.

Во соопштението е наведено дека Дрндаревска нема да го прифати „најкраткиот мандат“ и смета оти токму кон нејзе е сторена политичка дискриминација, бидејќи на другите кандидати им биле дадени подолги мандати.

Од Мрежата посочуваат дека и покрај тоа што десет години им зборуваат на властите, со изборот на партиски кадри независноста на Комисијата е повторно ставена под знак прашалник.

„За луѓето чии имиња деновиве циркулираат во јавноста, освен името на претставничката на граѓанскиот секот, Драгана Дрндаревска, владејачката стурктура можеби ќе рече дека се компетентни и дека може да ја извршуваат функцијата, но за сите нас кои присуствуваме на седницата на Комисијата за избори и именувања, беше многу јасно кој е компетентен и ги исполнува условите“, вели Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Како што додава таа Законот вели дека за членство во оваа Комисија е потребно 7 годиини работно искуство во областа на човековите права, од кои 5 години во областа дискриминацијата.

„Впечаток е дека голем број од кандидатите мислат дека ги исполнуваат условите само заради тоа што се правници. Нашите кандидати, сите кои се пријавија од граѓанскиот сектор имаат работено конкретно во областа дискриминација и тоа беше многу видливо кога се претставуваа“, додава Пировска.

Таа го потсетува владејачкиот Социјалдемократски сојуз дека кога биле опозиција најмногу ја критикувале работата на оваа Комисија токму поради изборот на партиски членови.

„Ги повикувам пратениците добро да размислат пред да гласаат бидејќи не може да се очекува луќе кои се избрани заради нивната партиска поврзаност да бидат непристрасни, фукцијата да ја извршуваат професионално и отчетно кон граѓаните. Не заборавајте – политичката дискриминација во Македонија е многу присутна и тргнувајќи од тоа не може да се очекува дека лицата што се избрани врз осова на партиска дека ќе можат непристрасно и професионално да одлучуваат токму во тие случаи на политичка дискриминација“, истакна Пировска.

Како што соопштија од Мрежата за заштита од дискриминацијата, дел од предложените кандидати немаат 7 години искуство во областа човекови права од кои 5 во областа анти-дискриминација.

Според Александра Цветановска, претседателка на Македонското здружение на млади правници, очигледно е дека е погрешно толкуван Законот, дека мандатот на јавен функционер, односно некој што е избран за вршител на јавна функција од страна на Собранието.

„Мандатот не може да биде пренесен, ако истиот е истечен како во овој случај. Тоа е грешка, што треба да се исправи, затоа што мандатот не може да биде пренесен на друго лице, како што е случајот со Драгана Дрндаревска која е предложена за мандат од 1 година и два месеци, за разликаод другите кои имаат мандат од 5 години, а мандатот е истечен односно времето во кој требаше да биде избрано лице за таа позиција“, вели Цветановска.

Дополнителен проблем, додава таа, е што меѓу предложените кандидати нема лица со попреченост, иако меѓу пријавените имало луѓе кои имаат попреченост кои имаат големо искуство во оваа област.

Од Мрежата потенцираат дека кандидатите за членови во Комисијата од граѓанскиот сектор Елена Кочовска, Давид Тасевски и Маја Атанасова сметаат оти со ваквиот избор, државата покажува дека не сака да има функционални институции и не сака луѓе кои и покрај својата различност можат многу да придонесат во развојот на државата.

„Не сакаме да дозволиме дека Комисијата која треба да им служи на најранливите граѓани во државата да стане жртва на партиското вработување. Не правиме притисок, туку Комисијата да ги отсликува различните целни групи“, велат од Мрежата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...