fbpx

СДСМ ја промовираше новата изборна програма и кандидатите за пратеници

На настанот се обратија носителите и коносителите од сите шест изборни единици

-

Владеачката СДСМ денеска ја промовираше новата изборна програма насловeнa како „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина за претстојните парламентарни избори.

На настанот се обратија носителите и коносителите од сите шест изборни единици, претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, претседателката на ЛДП Моника Зајкова, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Јована Тренчевска, Јован Митрески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Славјанка Петровска и Агрон Демири.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната промоција рече дека тие покажале дека е можно да се постигнат добри резултати, да се работи за подобро утре, да има поголеми плати, пензии, слобода и демократија, слобода на говор, како и дека е можно да живееме во земја која има сигурна, извесна и подобра, европска иднина.

„Не само што е можно да се оствари ветување за просечна плата од 500 евра туку и да се надмине. Вложивме 100 милиони евра со кои поддржавме 919 компании. Со оваа поддршка компаниите реализираа 500 милиони евра инвестиции. Со антикризните мерки ја оддржавме ликвидноста на компаниите, ги задржавме работните места, го заштитивме стандардот на граѓаните. Вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризните пакети се вратија назад кај граѓаните и стопанството,“ истакна Ковачевски.

Од 2017 до 2023 година, посочи, во Македонија имало три милијарди евра прилив на странски директни инвестиции. Земјата е членка на НАТО, со отпочати преговори со ЕУ, а можностите за економски развој и за подобар животен стандард ќе се зголемат уште повеќе со членството на Северна Македонија во ЕУ, заради што, смета тој, е важно да се продолжи европскиот пат.

„Единствено влезот во ЕУ е гаранција за европски стандард. Тогаш просечната плата ќе изнесува 1.300 евра, а минималната плата 800 евра“, рече Ковачевски.

Претседателка на ЛДП и коносител на првата изборната единица, Моника Зајкова, рече дека по примерот на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти, ќе биде воведен бесплатен оброк и за учениците во основните и средните училишта.

„За подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер насловен како Среќен почеток во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за  секој нов средношколец. Во секоја учебна година сите ученици од сите општини ќе добијат училишен бонус во месец август или 3.000 денари за материјали и учебни помагала“, рече Зајкова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...