четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: изборна програма | 14 резултати

Вистиномер: Жителите на селото Дрвош добија техничка вода од браната Чаушица

октомври 14, 2021

„Мета“ ја пренесува проверката направена од „Вистиномер“ на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Босилово, Зоран Зимбаков: [Извор: Изборна програма на градоначалникот Зоран Зимбаков „Живот во Босилово за сите“ стр. 17; датум: октомври 2017] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Едно од ветувањата на градоначалникот на Општина Босилово, Зоран Зимбаков  во изборната кампања во 2017 година беше обезбедување на техничка вода за жителите на населеното место […]

Вистиномер: Не се гледа „светлина“ за ветениот тунел под Кале

август 4, 2021

„Вистиномер“ го анализираше изборното ветување на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за тунел со улица под Кале, односно „Продолжување на бул. „Свети Климент Охридски“, со мост над реката Вардар и со тунел под Скопското кале и поврзување со булеварот „Никола Карев“ и го оквалификува како неисполнето. Подолу го пренесуваме во целост текстот на „Вистиномер“: Ветување: […]

Низа активности и ветувања за младите од власта во наредните четири години (инфографик)

септември 16, 2020

„Убедени сме дека стапката на невработеност на млади од 15 до 29 години значително ќе се намали, на ниво под 17 проценти до 2024 година“, се вели во програмата „Можеме“ на СДСМ, која партијата ја понуди пред парламентарните избори во јули годинава. Во програмата која треба да се реализира во наредните четири години, може да […]

Вистиномер: СДСМ и медиумскиот сектор – солидни ветувања и по некој спин за оствареното

јули 8, 2020

Несомнено, слободата на медиумите и на правото на говор и на изразување е пошироко и помодерно разбрано во СДСМ, споредувајќи ги со ВМРО-ДПМНЕ, и тоа и во поглед на предизборните програми, но и во поглед на праксата. Сепак, покрај тие современи заложби и приципиелно добри ветувања, во програмата „Можеме“ се детектираат два-три спина околу реализираното […]

Вистиномер: Ветувањата за медиумскиот сектор на ВМРО-ДПМНЕ – спинови и контрадикторности

јули 8, 2020

Програмата содржи три точки од кои две, за МРТ и за саморегулацијата, се контрадикторни и се спинови, додека третото ветување е спин во делот за ослободување на непотребна регулација за медиумите во соработка со медиумите, пишува „Вистиномер“ во својот најнов Контраспин. (Напомена: Тука можете да ја најдете анализата на предизборната програма на СДСМ во делот […]

МРТ во изборните програми: СДСМ ја гледа како заштитник од дезинформации, ВМРО ќе ја уредува со нов закон

јули 6, 2020

Идниот развој на јавниот радиодифузен сервис е вклучен во изборната програма на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на изборите на 15 јули. За владејачкиот СДСМ, приоритет е Националната радио-телевизија да прерасне во вистински јавен радиодифузер, кој мора да биде во тек со времето и да биде присутен на сите современи платформи и […]

СДСМ го избра Николовски за шеф на изборниот штаб, подготвува и нова изборна програма

ноември 7, 2019

На предлог на претседателот Зоран Заев, Централниот одбор на СДСМ на вчерашната седница едногласно го избра Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб на партијата за претстојните парламентарни избори. Воедно, Централниот одбор ја задолжи заменик претседателката на партијата, Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите закажани на 12 […]

ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се нови избори, во спротивно револтот ќе се зголемува

март 24, 2017

Изборите се најдобрата дебата што Зоран Заев може да ја направи за тиранската платформа и за елементите содржани во неа, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека во спротивно револтот ќе се зголемува и секој ден стотици илјади граѓани ќе го изразуваат својот гнев од „сервилниот однос на криминалецот Заев“. „Тиранската платформа […]

Заев: СДСМ е подготвен за избори, а јас за иден премиер

јуни 26, 2016

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен за избори, вели лидерот на опозициската партија, Зоран Заев, во интервју за „Радио Слободна Европа“ и додава дека ако народот одлучи да му ја даде поддршката, тој „секако ќе ја зграпчи честа“ да биде иден премиер на државата. „Ние сме единствената партија што во декември донесе изборна програма на […]

Милевски: Иванов е најдобар кога молчи

март 13, 2016

Либерално-демократската партија синоќа во објектот на Македонската опера и балет ја одржа својата програмска конвенција под мотото „Има избор. Овде и сега“ на која ја презентираше својата изборна програма. Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, зборуваше за актуелните политички случувања и проблемите со кои се соочуваат граѓаните. -Додека Груевски и ДПМНЕ градат споменици, младите секојдневно се […]

Страна 1 од 1