fbpx

Вистиномер: Жителите на селото Дрвош добија техничка вода од браната Чаушица

-

„Мета“ ја пренесува проверката направена од „Вистиномер“ на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Босилово, Зоран Зимбаков:

[Извор: Изборна програма на градоначалникот Зоран Зимбаков „Живот во Босилово за сите“ стр. 17; датум: октомври 2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Едно од ветувањата на градоначалникот на Општина Босилово, Зоран Зимбаков  во изборната кампања во 2017 година беше обезбедување на техничка вода за жителите на населеното место Дрвош. Ова негово изборно ветување го оценуваме како исполнето. Во август годинава е изграден и ставен во функција хидросистемот на браната Чаушица, со кој селото Дрвош доби вода за наводнување на земјиделското земјиште.

Проектот ,,Техничка вода за село Дрвош од браната Чаушица’’, Зимбаков го вети во рамките на неговата изборна програма на стр. 17, но и во делот на  месните проекти за населеното место Дрвош (стр.27).

За реализација на овој проект, Општина Босилово аплицираше до националните институции, но и пред меѓународните фондови. Проектот го одбори МЗШВ за финансирање од фондовите на ЕУ која во јуни  2019 година го објави огласот за избор на изведувач на систем за наводнвуање од брана Чаушица во Општина Босилово

Дека има добиено пари за таа намена објави и Општина Босилово  на својата веб-страница

Со овој нискотрошковен, еколошки систем за наводнување, кој е финансиран од Европската Унија, ќе се наводнуват 85 хектари обработливо земјиште во атарот на село Дрвош, информираа од Општината.

Градоначалникот на Босилово, Зимбаков во јули 2020 година на својата ФБ страница објави видео дека се работи на терен на хидросистемот од брана Чаушица, од кој освен жителите на Дрвош вода за наводнување ќе добијат с.Хамзали и Агролозар.

Земјоделството е една од клучните гранки во нашата земја, затоа секогаш ги подобруваме условите за производство. Проектот Брана Чаушица кој што е во фаза на изградба е еден од нив. Нови 85 хектари земјоделска површина ќе бидат наводнувани од оваа брана,со вкупна должина на затворениот систем од Д=6,5км.Вредноста на проектот е 465.000 евра, напиша Зимбаков во описот на објавеното видео.

Во август годинава целосно заврши изградбата на хидросистемот од браната Чаушица. Во рамките на проектот е изграден подземен цевковод од 6.5 километри од брана Чаушица. На истиот систем изработени се шахти со комплет фасонски елементи, а поставени се и хидранти од каде жителите на Дрвош ќе може да вршат наводнвуање преку систем капка по капка и систем со распрскување. На официјалниот настан по повод ставањето во употреба на хидросистемот од брана Чаушица присустуваа преставници од МЗШВ, АД Водостопанство но и евроамбасадорот, Дејвид Гир.

Овој проект е целосно завршен и се очекува да реши проблемот со наводнување на вкупно 85 хектари земјоделско земјиште во населените места Дрвош и Хамзали, кои досега немаа можност за наводнување. Корисници на овој хидросистем ке бидат граѓаните од с.Дрвош и комбинатот А.Д Агролозар од Хамзали ,со што значително ќе се подобрат условите за производство на храна, кажа тогаш граоначалникот Зимбаков. (од 1,18  до 1,53 минута од видеото).

Со оглед дека жителите на Дрвош добија техничка  вода од браната Чаушица – преку изградбата на хидроситемот, сметаме дека ова ветување на Зимбаков дадено на локалните изобри пред четири години е исполнето.

ИЗВОРИ:

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...