fbpx

СДСМ го избра Николовски за шеф на изборниот штаб, подготвува и нова изборна програма

-

На предлог на претседателот Зоран Заев, Централниот одбор на СДСМ на вчерашната седница едногласно го избра Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб на партијата за претстојните парламентарни избори. Воедно, Централниот одбор ја задолжи заменик претседателката на партијата, Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите закажани на 12 април, информираат од СДСМ.

Партиските комисии на СДСМ веќе почнале процес на подготовка на новата изборна програма на социјалдемократите, која требало да понуди реални, остварливи и суштински мерки и политики во интерес на граѓаните. Централниот одбор на СДСМ избра и нова партиска Комисија за спорт за чиј претседател е именуван Наумче Мојсоски, познат македонски ракометен репрезентативец.

Од партијата посочуваат дека новата изборна програма ќе произлезе од граѓаните и нивните потреби.

„Во таа насока сите коментари, забелешки и сугестии што ги добивме на маалските и урбаните средби, на трибините и средбите со граѓаните ги процесираме преку надлежните партиски Комисии во решенија кои ќе бидат втемелени во новата програма“, се нагласува во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...