ЦРТА: Изборните резултати во Белград во голема мера потекнуваат од нелегален изборен инженеринг

Набљудувачите на ЦРТА идентификуваа случаи на организиран превоз на гласачи, надгледувано гласање, можна манипулација со идентитетот на гласачите на 71 избирачко место или 14 отсто од избирачките места во Белград, особено во Чукарица (10), Нови Белград (9), Врачар (7), Вождовац (7), и Земун (7)

-

Врз основа на собраните информации и досега спроведените анализи, Набљудувачката мисија на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) искажува основано сомнение дека на изборите на 17 декември дојде до организирана миграција на гласачите што имаше пресудно влијание на резултатите на изборите за Градско собрание на Белград – ова е главниот заклучок од извештајот што ЦРТА го презентираше на денешната прес-конференција, а кој е составен врз основа на материјалите собрани пред, за време и по денот на изборите.

„Организираните миграции на гласачите претставуваат форма на изборен инженеринг кој не е ниту легален ниту легитимен. Со пријавување на фиктивни живеалишта заради гласање на локални избори надвор од сопствениот град или општина, се прекршуваат законите со кои се регулира живеалиштето на граѓаните, а со тоа се загрозуваат принципите на изборна еднаквост и загарантираното право на граѓаните да ја изберат својата локална самоуправа“, велат од ЦРТА.

Како што велат од таму, во однос на обемот и распространетоста на манипулациите со избирачкиот список, уште пред изборите, во ЦРТА добиле информации од различни извори кои укажуваат на незаконски дејствија на органите на локалната самоуправа и највисоките државни органи со цел да се обликуваат изборните резултати во Белград во корист на владејачката партија.

„Клучните докази беа собрани за време на изборниот ден од набљудувачите на ЦРТА кои направија бројни фото и видео снимки од организиран превоз на гласачи од други градови во Србија и од странство до Белград“, велат од оваа граѓанска организација.

Посочуваат оти се евидентирани повеќе точки кои служат како логистички центри на операцијата, од каде гласачите биле упатувани и транспортирани до избирачките места во различни делови на главниот град.

„Набљудувачите на ЦРТА идентификуваа случаи на организиран превоз на гласачи, надгледувано гласање, можна манипулација со идентитетот на гласачите на 71 избирачко место или 14 отсто од избирачките места во Белград, особено во Чукарица (10), Нови Белград (9), Врачар (7), Вождовац (7), и Земун (7)“, соопшти ЦРТА.

Тие забележале дека гласачите биле организирани да пристигнуваат од различни делови на Србија (на пример, од Панчево, Ваљево, Чачак, Аранѓеловац, Смедерево, Вршац, Нови Сад итн.), како и од Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска. Тоа го засилува сомнежот дека локалните избори се стратешки закажани само во третина од локалните самоуправи за да се овозможи привремена миграција на гласачите.

При дополнителните анализи направени по денот на изборите, ЦРТА користеле и вкрстени квантитативни податоци од јавно достапни електронската верзија на избирачкиот список на веб-страницата на Министерството за јавна администрација и локална самоуправа (имиња и презимиња на избирачите по избирачки места) и резултатите од гласањето. По што утврдиле значителни измени во избирачкиот список во период од една година. Притоа биле идентификувани избирачките места во Белград за кои со голема веројатност може да се заклучи дека биле дестинации за организирана миграција на гласачите, а каде што бројот на гласови за владејачката партија значително се зголеми во однос на претходните избори.

Дополнително, од граѓанската организација велат дека одредени политички актери веќе индиректно ги потврдија наодите од овие анализи – неколку политичари и високи функционери од Србија и од Босна и Херцеговина експлицитно го потврдија спроведувањето на споменатите практики, обидувајќи се да ги оправдаат и прикажат како легални и легитимни.

ЦРТА даде низа препораки за спречување на неприфатливите практики кои ги одбележаа изборите во Белград. Од таму велат дека краткорочно, од суштинско значење е Министерството за јавна администрација и локална самоуправа да го направи избирачкиот список целосно јавен, притоа имплементирајќи разумни и изводливи мерки за заштита на личните податоци на гласачите.

„Дополнително, обвинителите мора да ги истражат сите основани сомнежи за кривични дела поврзани со изборите“, велат од ЦРТА.

На среден рок, како што додаваат, Министерството за јавна администрација и локална самоуправа треба да спроведе независна ревизија на Единствениот избирачки список во согласност со препораките на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

„Националното собрание треба да донесе измени во изборните закони за да се спречи организираната миграција на гласачите“, соопшти ЦРТА.

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец,...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка...