Да се биде хомосексуалец и понатаму е табу во голем дел од германското општество, вели поранешниот градоначалник на Берлин, Клаус Воверајт, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Воверајт, познат по тоа што на времето ја даде изјавата „јас сум геј и тоа е добра работа“, наведе во средата за радиото Рбб 88.8 дека некои работи последниве години се промениле.
Може да се набројат имињата на различни политичари кои отворено се изјасниле за хомосексуалци и на чии кариери тоа не штетело. Меѓутоа, рече Воверајт, поинаку е во другите професии, на пример во фудбалот.
„По Хицлшпергер, дури ни после неговата кариера, сè уште никој јавно не се изјасни, и тоа затоа што опкружувањето не е подготвено за тоа“, рече Воверајт говорејќи за поранешниот фудбалер.
Томас Хицлшпергер е познат германски фудбалер, којшто ја заврши кариерата во 2014 година.
„Доколку чуете навреди во соблекувални на млади тимови, „како млада личноста која во пубертетот ја доживува својата сексуалност и разбира дека е можеби поинаков од останатите треба да се има храброст да се изрази? Тоа нема да се случи“, рече Воверајт.
Воверајт за својот 70-ти роденден посака човештвото конечно да се вразуми. Некогашниот градоначалник на Берлин рече дека има впечаток оти општеството повторно назадува и дека има многу ирационалности.