петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: говор на омраза | 189 резултати

Мизогинија со еден клик

јуни 28, 2024

На почетокот на 2024 година, судот во Битола ја донесе првата пресуда за говор на омраза против ЛГБТИ+ заедницата во Северна Македонија. Обвинетата беше прогласена за виновна за тешка дискриминација против лица од ЛГБТИ+ заедницата преку повеќекратни коментари на Фејсбук. Заедницата ја гледа оваа прва пресуда како успех во својата долготрајна борба против дискриминацијата. Сепак, […]

Германска локална лидерка на АфД казнета 6.000 евра поради говор на омраза, а не за споделена статистика

мај 16, 2024

Локалната лидерка на Алтернатива за Германија (Alternative für Deutschland – AfD) Марија-Тереза Кајзер беше прогласена за виновна бидејќи ширела говор на омраза и треба да плати казната во сума од 6.000 евра. Во спорната објава Кајзер споделува фотографии – принтскринови од напис на конзервативниот таблоид Билд, во којшто се прикажани статистики околу стапката на силување […]

Секогаш кога се ближат изборите, се влошува говорот на омраза на етничка основа во медиумите

март 17, 2024

Имајќи го предвид фактот дека политичките партии во Северна Македонија за да добијат политички поени традиционално користат националистичка реторика, во секој предизборен период интензивно се зголемува говорот на омраза, главно на етничка основа. И годинава ништо не се смени од ваквата пракса, a омразата од социјалните мрежи премина и во медиумите. Во неофицијална форма, кампањата […]

Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

февруари 29, 2024

Во соопштение, Платформата за родова еднаквост апелира политичките партии и нивните приврзаници да покажат демократски капацитет и да се воздржат од навреди и ширење на говор на омраза. Оттаму истакнуваат дека предизборни периоди особено знаат да се полни со понижувања и навреди кон жените, а ги охрабруваат граѓаните да пријават говор на омраза на следниот […]

Билјана Ванковска е прогласена за балкански „трол“ поради ширење на омраза кон Албанците

февруари 27, 2024

Балканскиот трол на месецот е поединец, група на поединци или медиум кој шири омраза врз основа на полот, етничката припадност, религијата или други категории на различност. „Балканскиот трол“ се избира врз основа на случаите на говор на омраза идентификувани низ регионот на Западен Балкан од регионалната мрежа против говор на омраза „Reporting Media Diversity (RDN)“, […]

ЗНМ: Пријава против Миленко Неделковски за говор на омраза кон новинарите на Метаморфозис

февруари 19, 2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека го осудува грозното етикетирање, навреди и ширењето говор на омраза од страна на лицето Миленко Неделковски кон новинарите од Фондацијата Метаморфозис. Неделковски во својата видео објава на Јутјуб насловена како „факт чекирања на фак чекерите“ продолжи со негативната практика на етикетирање и ширење на говор на омраза. […]

ССНМ очекува институционална акција за нападите врз Mетаморфозис

февруари 16, 2024

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагира на објавите на социјалните мрежи од последниот период во кои низ дезинформациска кампања со масовно споделување на клевети, навреди и говор на омраза, оркестрирано се напаѓа Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. Во објавите се таргетираат сегашните и поранешните вработени кои преку нападите се изложени на сериозен […]

ЈО: Обвинение за жител на Демир Капија за ширење омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата

февруари 10, 2024

Јавното обвинителство утрово соопшти дека, по спроведена претходна постапка, обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, преку коментари на социјалните мрежи напишани под вест на […]

Насилство, говор на омраза и нееднаквост меѓу мажите и жените и во минатата година

јануари 2, 2024

Голем број протести, насилство, убиства, закани, говор на омраза, економска нееднаквост, недоволно спроведување на законите и низа други ненадминати предизвици. Ова, накратко, е она што ја одбележаа 2023 година во Северна Македонија во однос на родовата (не)еднаквост. Порталб.мк носи една ретроспектива на она што се случуваше минатата година на ова поле. Бројни проблеми Дека жените […]

„Куршумот кај и да е, ќе те стигне“ – ЗНМ со пријава за закана по живот кон новинарот Џабир Дерала

декември 25, 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе пријава до МВР во врска со директна закана по живот кон основачот на Цивил медиа, Џабир Дерала. Пријавата следи по директната закана кон Дерала во форма на коментар на негова објавена колумна на официјалната Фејсбук страница на „Нова ТВ веб“ каде што профил со име Александар Антиќ напишал […]

Говорот на омраза на интернет, особено кон жените, не се санкционира во земјава

ноември 11, 2023

Во Северна Македонија, случаите на говор на омраза на Интернет се зголемени во последните години. Податоците покажуваат дека најпогодени од овој проблем се жените – главно јавни лица, но не само тие, туку и припадниците на ЛГБТКИА+ заедницата. Од друга страна, институциите не прават доволно во оваа насока, предупредуваат од граѓанското општество и меѓународните извештаи. […]

Заврши Школата на политики 2023, Фондација Метаморфозис со предавања за дезинформациите и говорот на омраза

октомври 29, 2023

Со одржување на петтиот модул насловен „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“ викендов во Охрид беше заокружена Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование. Фондацијата Метаморфозис беше дел од петтиот модул со низа предавања за справувањето со дезинформации, проверката на факти и говорот на омраза, споделувајќи и повеќегодишни […]

Денот на ОН одбележан со дијалог за дезинформации, дискриминација и лажни вести

октомври 24, 2023

Дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза беа дел од темите на Годишната конференција на Обединетите нации која денеска се одржа во Скопје под името „Слобода, еднаквост и правда за сите“. Конференцијата има за цел да промовира дијалог за да се изнајдат подобри начини за справување со дискриминацијата, погрешните информации, дезинформациите, лажните вести и говорот […]

ЕКРИ изразува загриженост за меѓуетничкиот говор на омраза во земјава

септември 20, 2023

Повеќето случаи на говор на омраза во Северна Македонија се однесуваат на меѓуетничките односи меѓу Македонците и Албанците, а и други етнички групи, како Роми или Бугари, кои исто така се жртви на говор на омраза. ЛГБТИ лицата се друга група која често е цел на говор на омраза, особено на интернет и на социјалните […]

ЗНМ и СЕММ со пријава за ширење на говор на омраза на Фејсбук-страната на Канал 5

септември 18, 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по пристигнатите пријави од страна на новинари најавија дека денеска ќе поднесат пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Конкретно, станува збор за објава на веб страната Канал 5 од 17-ти септември, со наслов „Нервозен арачиновец […]

Фејсбук забранува нацистичка и антисемитистичка содржина

јули 11, 2023

Не само што Фејсбук не вели дека „Хитлер бил добар човек, демократ кој се борел за права“, како што се тврди во постот, туку и ги санкционира таквите наративи и измислици. Во однос на тенденциозната констатација дека „не е случајно“ тоа што „Зеленски е пуштен на најјако“, Фејсбук нема никаква врска креирање или споделување содржини […]

„Ќе се сретнеме ние двајца каде што живееш“ – ЗНМ со осуда за заканите врз новинарот Огнен Јанески

јуни 28, 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира и ги осудува јавните закани, говорот на омраза кон сите новинари и медиумски работници и кон новинарот Огнен Јанески кои биле упатени од страна на гледач во две контактни емисии на 27 јуни на ТВ24. Како што информираат оттаму, во текот на вчерашното издание на емисијата „Во […]

Тренчевска: Елиминирање на говорот на омраза и дискриминацијата се клучни

јуни 23, 2023

Неинформираноста и неприфаќањето на различностите се дел од клучните причини за постоење на стереотипи и предрасуди за жените и мажите во општеството. Секој стереотип и предрасуда води кон дискриминација, нееднаков третман и непочитување на луѓето, а тоа води кон кршење на човековите права и општествените вредности, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска […]

Знамето на напредок на гордоста не содржи симбол на педофилите

мај 15, 2023

Ова знаме не содржи „симбол на педофилите“. Во објаснувата кои ги најдовме на Интернет за значењето на боите на ова знаме, се наведува дека тоа става акцент врз инклузијата и напредокот, и ја претставува заедницата која себе се дефинира како чадор на различни групи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Ирска не донела закон со кој се забранува читање и споделување на вести надвор од мејнстрим медиумите

мај 9, 2023

Ирска донесе закон против говор на омраза за кој  известуваа повеќе официјални медиуми, а целосниот текст од законот е објавен на страницата на ирската влада. Станува збор за легислатива насочена против злосторства од омраза, со кои се потенцира дека е кривично дело да се негира или да се претставува на тривијален начин геноцидот, а се […]

Страна 2 од 10