недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: говор на омраза | 190 резултати

Албанија го осуди и бара истрага за графитот со говор на омраза во Битола

јануари 19, 2018

Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот. Станува збор за графитот на фасада на зграда во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со […]

Тимоние: И новинарите и дипломатите мора да се борат за слободата на изразување

декември 19, 2017

И новинарите, но и дипломатите имаат одговорност за демократијата и за борбата за слободата на изразување и во таа борба не смее да се молчи, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние на денешната промоција на публикацијата „Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права“ од д-р Мирјана Лазарова – Трајковска, која се […]

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

ноември 20, 2017

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да се саморегулираат, оти таа не треба да биде авторот на реформите на медиумите, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната дебата за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која Владата ја организираше како продолжение на досегашната […]

Говорот на омраза е сè поприсутен, вели народниот правобранител

ноември 6, 2017

Со жалење морам да констатирам сè поголем говор на омраза во последните години, што е многу загрижувачко и ги повикувам институциите тоа да се спречува, рече народниот правобранител Иџет Мемети, презентирајќи го годишниот извештај за состојбата со човековите права во Македонија во 2016 година. Правобранителот истовремено алармираше за огромна партизираност на институциите. – За жал, […]

Хелсиншки најави кривична пријава против Јакимовски поради говор на омраза

октомври 16, 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници најавија дека ќе поднесат кривична пријава против кандидатот за градоначалник од ГРОМ и досегашен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поради говор на омраза. „На 13 октомври 2017 година, на митинг во предизборна кампања, кандидатот за градоначалник и досегашен градоначалник […]

Хелсиншки комитет: Во изминатите три години само на пет лица им е доделен статусот бегалец

септември 7, 2017

Во текот на изминатите три години во Македонија биле поднесени вкупно 2.243 барања за признавање на правото на азил од страна на 2.717 лица. Од нив, на само пет лица им е доделен статус на признаен бегалец, а на само 11 лица им е доделена супсидијарна заштита, информираат од Хелсиншки комитет, од каде нагласуваат дека Македонија […]

Говорот на омраза го има во законите, но не и во правосудството

јули 7, 2017

Во Македонија постои говор на омраза кој потоа може да доведе и до насилство од омраза, а причините што е често присутен е неговата непрецизна уреденост во законите и речиси никаквата пракса за санкционирање во правосудството. Ова беше еден од заклучоците на дебатата што денеска во Скопје ја организираше „Македонскиот институт за медиуми“, под наслов […]

Невладини организации реагираат на говорот на омраза на пратеници

јули 4, 2017

Со осуди на настапите на некои од актуелните пратеници „кои преку дискриминаторски говор и говор на омраза ја деградираат ЛГБТИ-заедницата“, реагираа ЛГБТИ Центар за поддршка, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ Јунајтед – Тетово. „Сметаме дека реториката за традиционално и за конзервативно […]

Германија ќе казнува за говор на омраза и за лажни вести по 50 милиони евра

јуни 30, 2017

Германскиот парламент денеска усвои закон кој предвидува казни во износ до 50 милиони евра за говор на омраза и за лажни вести на социјалните мрежи. Казната ќе им биде изречена на сите веб-страници доколку не ја отстранат содржината во која постои говор на омраза или пренесува лажна вест. Германскиот министер за правда, Хајко Мас, изјави дека […]

Хелсиншки комитет: Политиката е главен генератор на говорот на омраза

мај 22, 2017

Политичките случувања во Република Македонија се главниот провокатор и производител на говор на омраза во текот на април, посочува Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во својот извештај за април. Хелсиншки напоменува дека говорот на омраза и повиците за насилство, го користат политичари и јавни личности, дел од демонстрантите на протестите на иницијативата […]

Сарачини: Во независна Македонија ниту едно лице не е казнето за говор на омраза

мај 16, 2017

Ниту едно лице или група не е санкционирана за говор на омраза, а ваквата култура на неказнивост им дава храброст на прекршители да изразуваат говор на омраза, претежно преку социјалните мрежи, кој преминува во дискриминација, велат учесниците на конференцијата „Граѓанското општество во акција за еднаквост“. Петрит Сарачини од невладината отганизација „Цивил“, смета дека е крајно […]

Беса го осуди „говорот на омраза и ксенофобијата во училиштата и во МАНУ“

март 16, 2017

Движењето Беса денеска го осуди мешањето на политиката во основните и во средните училишта и принудувањето ученици да излезат на протестите што, како што стои во соопштението, ги организира македонската партија на власт, а на кои се слушаат „ксенофобични, расистички и извици кои поттикнуваат омраза кон Албанците“. „Вчера беше објавена една видеоснимка, во која директорот […]

„Цивил“: Омразата и насилството се кукавички акти на предавство!

март 1, 2017

„Цивил“ – Центар за слобода изрази најостра осуда на актите на насилство во Скопје и во другите градови во Република Македонија и повика итно да престане тепањето новинари и други медиумски работници што професионално ги извршуваат задачите. Невладината организација тоа го нарече тежок криминал и крајно неморален и кукавички чин, а како виновници и за […]

„Амнести интернешнел“: СЈО продолжува да се соочува со притисоци

февруари 22, 2017

Специјалното јавно обвинителство кое беше назначено од Собранието во 2015 година да ја истражи вмешаноста на функционери во скандалот со прислушувањето и вмешаноста на политичари во криминал, продолжува да се соочува со притисоци во извршувањето на својата работа, стои во Извештајот на „Амнести интернешенел“ за состојбите со човековите права за 2016/2017 година. – Во октомври (минатата […]

Заев ги повика албанските партии да не коалицираат со Груевски

декември 23, 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ги повика албанските партии што имаат освоено пратенички мандати во Собранието да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ и со нејзиниот лидер, Никола Груевски, бидејќи во спротивно тоа би значело поддршка на режим и на диктатура, наспроти волјата на мнозинството граѓани. – Сите партии мора да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани […]

Што сакаше да каже и како „во превод“ гласи изјавата на Стејт департментот?

декември 21, 2016

Стејт департментот синоќа излезе со изјава за Македонија, која со дипломатски јазик ја констатира состојбата во земјава и носи неколку пораки. Загрижени сме поради зголемените политички тензии во Македонија по парламентарните избори на 11 декември и ја осудуваме запаливата реторика од некои политички лидери, која дава дозвола за напади на демократски институции и на амбасадори […]

Амбасадата на САД повика процесот на приговори за изборите да се одвива законски

декември 16, 2016

Политичките партии треба да овозможат процесот на приговори за резултатите од предвремените парламентарни избори од 11 декември да се одвива во согласност со законот, изјавија од Амбасадата на САД, на прашањето на „Мета“ како ги коментираат синоќешните вербалните напади врз странски дипломати во Македонија, говорот на омраза и апелите за линч. – Ова беа тесни избори […]

Хелсиншки комитет бара МВР и ОЈО да ги казнат функционерите што повикуваа на линч

декември 16, 2016

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска остро реагираше на говорот на омраза што синоќа беше забележан на протестот пред Државната изборна комисија, одржан додека комисија ги разгледуваше и расправаше по приговорите поднесени од страна на политичките партии за предвремените парламентарни избори. Во соопштението се наведува дека од присутните на протестот можело да се […]

Списоци за линч кружат по социјалните мрежи по вчерашните протести пред ДИК

декември 16, 2016

Синоќа за време на протестите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред Државната изборна комисија, која одлучуваше по приговорите на партиите за изборите, на социјалните мрежи се појавија списоци со имиња и презимиња и со адреси на дел од активстите на „Шарена револуција“ и со повик до приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ да „се посетат“ посочените личности. На „Твитер“ […]

Каква била „Ноќта на долгите ножеви“ што ја посакува Валентина Божиновска?

декември 16, 2016

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, Валентина Божиновска, настапи со заканувачки говор на омраза и со хушкачка реторика велејќи дека собирот пред ДИК е „вечер на ножевите“. – Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден […]

Страна 9 од 10