fbpx
Таг: говор на омраза

таг: говор на омраза

Мнозинството граѓани не знаат каде треба да пријават говор на омраза во медиумите

Мнозинството од граѓаните немаат одговор за тоа каде треба да поднесат пријава доколку забележат дека некои од медиумите шири говор на омраза, што претставува кривично дело кое се казнува со парична глоба и казна затвор од 1 до 5 години, покажува спроведената анкета од страна на Центарот за истражувања ИПСОС Македонија“, подржана од Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението на...

СВР и ОЈО се координираат за расчистување на случајот со говорот на омраза на навивачките групи

Полицијата и Обвинителството работат координирано во обелоденувањето на настаните кои се случија во саботата и неделата во Тетово во кои навивачите на групите „Војводи“ и „Балисти“ користеле говор на омраза по етничка основа, а кое според Кривичниот законик е кривично дело казниво со глоба или казна затвор од 1 до 5 години, известува „Порталб.мк“. Во саботата, навивачката група „Војводи“ од...

Граѓаните малку го препознаваат говорот на омраза, надлежните воопшто не го препознаваат

Граѓаните на Македонија многу малку го препознаваат говорот на омраза. Врз основа на податоците и статистиките, органите на јавниот ред и мир не ги земаат предвид тужбите за ваквото кривично дело, а потребна ни е и попрецизна законска рамка и кампања од извршната власт за спречување на говорот на омраза што во земјава се шири во алармантни размери, особено...

Хелсиншки комитет го осуди говорот на омраза и насилството на навивачката група „Балисти“

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од припадници на навивачката група „Балисти“. Од објавените видеа од случувањата на тетовските улици, се слушаат песни и извици  каде е забележан говор на омраза  и повикување на насилство, по што следело и “извршување на дело од омраза”, односно фрлање со камења и шишиња...

Со концептот „Едно општество” и со кривични пријави владата ќе се бори против говорот на омраза

Владата преку националната стратегија за развој на концептот „Едно општество" и на интеркултурализмот во Македонија, ќе се бори против говорот на омраза, појава што достигнува загрижувачки размери и со тужби за прекршителите. Досега се поднесени пет такви тужби, а најавена е нова тужба од страна на Министерството за внатрешни работи за лица кои ширеле и шират говор на омраза...

Во Македонија „врие“ од говор на омраза, но случаите ретко имаат судска завршница

Од стапувањето на сила на новите законски измени на Кривичниот законик за говор на омраза во февруари 2014 година, Кривичниот суд Скопје има осудено само две лица со парична глоба поради говор на омраза. Бројот на казни е многу мал, споредено со пријавите на дигиталната платформа „Пријави и спротивстави се на говорот на омраза" каде за истиот период се евидентирани...

ОЈО: Кривична пријава за две лица од Битола за говорот на омраза во Крушево

Основното јавно обвинителство Прилеп презема дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин камен, информираат од ОЈО. „Во обвинителството е пристигната кривична пријава поднесена од МВР – СВР Битола, против две лица и други непознати лица а за сторено кривично...

Кадриу и Дехари велат дека во емисијата на Миленко Неделковски имало дискриминација

По претставката поднесена на 14 март против телевизијата „Алфа“ за емисијата на Миленко Неделковски од 27 јануари годинава, мнозинството на Комисијата за заштита од дискриминација пред неколку дена донесе мислење дека емисијата на Неделковски бил надворешен проект, па телевизијата не може да одговара за тоа што се емитува како надворешен проект. Но со тоа не се согласуваат двајца членови...

Обвинителство почна истрага за говорот на омраза во врска со пожарите кај Атина

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас оформила предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, со кои се шират расистички и ксенофобични материјали. Станува збор за постови за пожарот во близина на Атина. „Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се...

Владата го осудува говорот на омраза за жртвите во пожарот во Грција

Владата го осудува говорот на омраза за жртвите во пожарот во Атина на социјалните мрежи, одговори денеска порптаролот на Владата, Миле Бошњаковски на новинарско прашање, дали ќе се покрене одредена постапка против тие лица. - Изразуваме жалење за жртвите во Грција. Говорот на омраза не е прифталив за Македонија како модерна држава чии што аспирации се членство во НАТО и...

Смртоносен е говорот на омраза во Македонија, што треба да сторат институциите?

Навреди, покани за одмазда, националистички, шовинистички и фашистички повици - сите под патриотски закрила гледаме оваа недела на социјалните мрежи и насекаде откако беше претепани до смрт младиот Никола Саздовски кој беше член на навивачката група „Комити“, од тројца осомничени за неговото тепање, кои се со албанска националност, пишува „Порталб“. Убиството на младиот Саздовски, како што беше напишано во медиумите, било...

СДСМ го осудува насилството пред Собранието и повикува на смиреност

СДСМ се огласи со осуда на „вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците коишто се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието“. „Секој има право да протестира и да го искаже својот став и мислење, но на вчерашниот собир беше забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и провокации кон граѓани, кон новинари,...

Елена Трифуновска: Не треба да се меша говорот на омраза со клеветата и навредата

Станува тренд да се пријавуваат дискриминацијата и говорот на омраза во онлајн сферата за да се спречи да се развиваат, но важна е и техничката неутралност. Поточно, колку брзо се развива информатичката технологија, исто толку брзо треба да се развиваат и да се приспособуваат и тие механизми, но едукацијата на корисниците не ја следи секогаш брзината на технологијата, рече,...

ЕК: Има напредок во слободата на изразување, намален е притисокот врз новинарите

Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување е подобрена, со поотворена политичка дебата и покритичко известување во медиумите. Забележан е пад во притисокот врз новинарите. Известувањето од изборните кампањи и поизбалансирано од порано. Владиното рекламирање е прекинато. Клучно е власта да практикува нулта толеранција кон сите инциденти на физички и вербални напади или закани врз новинарите, се...

Поради говор на омраза, „Фејсбук“ ги затвори страниците на партијата „Британија на прво место“

„Фејсбук“ со официјално соопштение извести дека ги избришала официјалните страници на партијата на екстремна десница „Британија на прво место“ (Britain First) и на нејзините лидери поради говор на омраза. Според лондонски „Гардијан“, „Фејсбук“ ги отстранил главната страница на партијата, која имала над 2 милиони фанови, како и страниците на партиските челници Пол Голдинг и Џејда Франсен поради „ширење говор на...

Како една гротескна фотомонтажа предизвика недоразбирања кај македонските медиуми

Страшните грчки летоци, кои на прв поглед содржат говор на омраза, дискриминација и потпалуваат тензии, испаднаа мајтап, кој користи намерно изнасилени слогани и цртежи за да привлече внимание и испрати порака. Проблем настана кога медиумите во земјава не проверија за што точно станува збор, а од друга страна, пак, ни авторите на постерите не размислија дали можеби не е крајно ризично да...

ЗНМ и ОЈО се договориле пак да се разгледаат пријавите за говор на омраза против новинари

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денеска имаа средба со Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, на која се разговарало за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес. Од Обвинителството информираат дека претседателот на ЗНМ Насер Селмани изразил загриженост дека во Македонија постои политика на неказнивост на насилството на новинари. Селмани побарал од Јовески обвинителството побрзо да ги...

Албанија го осуди и бара истрага за графитот со говор на омраза во Битола

Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот. Станува збор за графитот на фасада на зграда во Битола - „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со додавка „Закон си е закон“...

Тимоние: И новинарите и дипломатите мора да се борат за слободата на изразување

И новинарите, но и дипломатите имаат одговорност за демократијата и за борбата за слободата на изразување и во таа борба не смее да се молчи, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние на денешната промоција на публикацијата „Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права“ од д-р Мирјана Лазарова - Трајковска, која се одржа во Клубот на...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да се саморегулираат, оти таа не треба да биде авторот на реформите на медиумите, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната дебата за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која Владата ја организираше како продолжение на досегашната расправа со медиумите и...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...