сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: говор на омраза | 190 резултати

Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ создаде „трол фарми“ кои шират говор на омраза

декември 4, 2018

Во телевизиско интервју, Никола Тодоров, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, откри дека партијата создала и сé уште активно работи на онлајн „трол фарми”. Тодоров беше министер за образование и министер за здравство, но подоцна беше избркан од новото раководство на партијата, пишува „Глобал војсес“. Во видеото, поранешниот министер, кој сега работи како адвокат, објаснува дека […]

Словенечкиот премиер ги повика државните фирми да ги повлечат рекламите од медиуми што шират говор на омраза

ноември 27, 2018

Словенечкиот премиер Марјан Шарец ги повика сите компании во државна сопственост да размислат за повлекување на нивните реклами од медиуми што шират говор на омраза. – Вистина е дека слободата на медиумите и слободата на говорот се столбови на демократијата, но тоа не значи дека тие се неограничени – порача Шарец во изјава на сајтот […]

Се подготвуваат поригорозни казни за кривичните дела извршени од омраза

ноември 16, 2018

Се очекува Кривичниот законик на Република Македонија да претрпи измени во 31 член, со цел кривичните дела извршени од омраза да бидат повидливи, односно лицата што ќе извршат кривични дела како резултат на омраза во иднина ќе се казнуваат поригорозно, пишува „Порталб“. Министерството за правда, по 20-дневен јавен увид, го поднесе новиот нацрт-закон за злосторства […]

Мнозинството граѓани не знаат каде треба да пријават говор на омраза во медиумите

ноември 9, 2018

Мнозинството од граѓаните немаат одговор за тоа каде треба да поднесат пријава доколку забележат дека некои од медиумите шири говор на омраза, што претставува кривично дело кое се казнува со парична глоба и казна затвор од 1 до 5 години, покажува спроведената анкета од страна на Центарот за истражувања ИПСОС Македонија“, подржана од Фондацијата Конрад […]

СВР и ОЈО се координираат за расчистување на случајот со говорот на омраза на навивачките групи

ноември 7, 2018

Полицијата и Обвинителството работат координирано во обелоденувањето на настаните кои се случија во саботата и неделата во Тетово во кои навивачите на групите „Војводи“ и „Балисти“ користеле говор на омраза по етничка основа, а кое според Кривичниот законик е кривично дело казниво со глоба или казна затвор од 1 до 5 години, известува „Порталб.мк“. Во […]

Граѓаните малку го препознаваат говорот на омраза, надлежните воопшто не го препознаваат

ноември 6, 2018

Граѓаните на Македонија многу малку го препознаваат говорот на омраза. Врз основа на податоците и статистиките, органите на јавниот ред и мир не ги земаат предвид тужбите за ваквото кривично дело, а потребна ни е и попрецизна законска рамка и кампања од извршната власт за спречување на говорот на омраза што во земјава се шири […]

Хелсиншки комитет го осуди говорот на омраза и насилството на навивачката група „Балисти“

ноември 5, 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од припадници на навивачката група „Балисти“. Од објавените видеа од случувањата на тетовските улици, се слушаат песни и извици  каде е забележан говор на омраза  и повикување на насилство, по што следело и “извршување на дело од омраза”, односно […]

Со концептот „Едно општество” и со кривични пријави владата ќе се бори против говорот на омраза

октомври 31, 2018

Владата преку националната стратегија за развој на концептот „Едно општество” и на интеркултурализмот во Македонија, ќе се бори против говорот на омраза, појава што достигнува загрижувачки размери и со тужби за прекршителите. Досега се поднесени пет такви тужби, а најавена е нова тужба од страна на Министерството за внатрешни работи за лица кои ширеле и […]

Во Македонија „врие“ од говор на омраза, но случаите ретко имаат судска завршница

октомври 29, 2018

Од стапувањето на сила на новите законски измени на Кривичниот законик за говор на омраза во февруари 2014 година, Кривичниот суд Скопје има осудено само две лица со парична глоба поради говор на омраза. Бројот на казни е многу мал, споредено со пријавите на дигиталната платформа „Пријави и спротивстави се на говорот на омраза” каде […]

ОЈО: Кривична пријава за две лица од Битола за говорот на омраза во Крушево

август 6, 2018

Основното јавно обвинителство Прилеп презема дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин камен, информираат од ОЈО. „Во обвинителството е пристигната кривична пријава поднесена од МВР – СВР Битола, против две лица и други непознати […]

Кадриу и Дехари велат дека во емисијата на Миленко Неделковски имало дискриминација

јули 26, 2018

По претставката поднесена на 14 март против телевизијата „Алфа“ за емисијата на Миленко Неделковски од 27 јануари годинава, мнозинството на Комисијата за заштита од дискриминација пред неколку дена донесе мислење дека емисијата на Неделковски бил надворешен проект, па телевизијата не може да одговара за тоа што се емитува како надворешен проект. Но со тоа не […]

Обвинителство почна истрага за говорот на омраза во врска со пожарите кај Атина

јули 25, 2018

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас оформила предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, со кои се шират расистички и ксенофобични материјали. Станува збор за постови за пожарот во близина на Атина. „Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено […]

Владата го осудува говорот на омраза за жртвите во пожарот во Грција

јули 25, 2018

Владата го осудува говорот на омраза за жртвите во пожарот во Атина на социјалните мрежи, одговори денеска порптаролот на Владата, Миле Бошњаковски на новинарско прашање, дали ќе се покрене одредена постапка против тие лица. – Изразуваме жалење за жртвите во Грција. Говорот на омраза не е прифталив за Македонија како модерна држава чии што аспирации […]

Смртоносен е говорот на омраза во Македонија, што треба да сторат институциите?

јули 13, 2018

Навреди, покани за одмазда, националистички, шовинистички и фашистички повици – сите под патриотски закрила гледаме оваа недела на социјалните мрежи и насекаде откако беше претепани до смрт младиот Никола Саздовски кој беше член на навивачката група „Комити“, од тројца осомничени за неговото тепање, кои се со албанска националност, пишува „Порталб“. Убиството на младиот Саздовски, како што […]

СДСМ го осудува насилството пред Собранието и повикува на смиреност

јуни 18, 2018

СДСМ се огласи со осуда на „вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците коишто се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието“. „Секој има право да протестира и да го искаже својот став и мислење, но на вчерашниот собир беше забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и […]

Елена Трифуновска: Не треба да се меша говорот на омраза со клеветата и навредата

април 27, 2018

Станува тренд да се пријавуваат дискриминацијата и говорот на омраза во онлајн сферата за да се спречи да се развиваат, но важна е и техничката неутралност. Поточно, колку брзо се развива информатичката технологија, исто толку брзо треба да се развиваат и да се приспособуваат и тие механизми, но едукацијата на корисниците не ја следи секогаш […]

ЕК: Има напредок во слободата на изразување, намален е притисокот врз новинарите

април 18, 2018

Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување е подобрена, со поотворена политичка дебата и покритичко известување во медиумите. Забележан е пад во притисокот врз новинарите. Известувањето од изборните кампањи и поизбалансирано од порано. Владиното рекламирање е прекинато. Клучно е власта да практикува нулта толеранција кон сите инциденти на физички и вербални напади или […]

Поради говор на омраза, „Фејсбук“ ги затвори страниците на партијата „Британија на прво место“

март 16, 2018

„Фејсбук“ со официјално соопштение извести дека ги избришала официјалните страници на партијата на екстремна десница „Британија на прво место“ (Britain First) и на нејзините лидери поради говор на омраза. Според лондонски „Гардијан“, „Фејсбук“ ги отстранил главната страница на партијата, која имала над 2 милиони фанови, како и страниците на партиските челници Пол Голдинг и Џејда […]

Како една гротескна фотомонтажа предизвика недоразбирања кај македонските медиуми

февруари 6, 2018

Страшните грчки летоци, кои на прв поглед содржат говор на омраза, дискриминација и потпалуваат тензии, испаднаа мајтап, кој користи намерно изнасилени слогани и цртежи за да привлече внимание и испрати порака. Проблем настана кога медиумите во земјава не проверија за што точно станува збор, а од друга страна, пак, ни авторите на постерите не размислија дали можеби не […]

ЗНМ и ОЈО се договориле пак да се разгледаат пријавите за говор на омраза против новинари

јануари 23, 2018

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денеска имаа средба со Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, на која се разговарало за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес. Од Обвинителството информираат дека претседателот на ЗНМ Насер Селмани изразил загриженост дека во Македонија постои политика на неказнивост на насилството на новинари. Селмани побарал од […]

Страна 8 од 10