fbpx

Во Италија јуни не е прогласен за „месец на семејната гордост“

Ниту премиерката ниту другите претставници на владата не прогласиле „месец на семејната гордост“ во Италија. Тоа го потврдиле за Асошиејтед Прес, и претставници на ЛГБТ заедницата и противници на истата

-

Во постот невистинито се тврди дека Италија го прогласила јуни како „месец на семејната гордост“ и се споделува видео клип од долги години одржуван марш против абортусот во Рим, којшто не е спонзориран од владата. Ниту премиерката ниту другите претставници на владата не прогласиле „месец на семејната гордост“ во Италија, тоа за странски проверувачи на факти го потврдиле  и претставници на ЛГБТ заедницата и противници на истата, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Додека во САД се промовира јуни како „месец на гордоста“ на ЛГБТ и транс заедницата, во Италија јуни е прогласен како „месец на семејната гордост“.

Во склоп на објавата има видео материјал од наводните собири по повод организираниот месец на семејната гордост во Италија. Меѓутоа, ова е дезинформација. Италија го нема прогласено јуни како месец на семејната гордост. Како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед Прес, анти- геј групите и поборниците за правата на ЛГБТ заедницата во Италија, потврдиле дека владата нема прогласено „месец на семејната гордост“.

Долгогодишен конзервативен настан познат како „Ден на семејството“ се одржал минатиот месец во Рим, ама не е спонзориран од владата и најмногу е фокусиран на противење на правото на абортус и истополовите бракови. Италијанскиот премиер Џорџија Мелони и други десничарски политичари присуствувале на настанот низ годините, пишува Асошиејтед Прес.

Ниту премиерката ниту другите претставници на владата не прогласиле „месец на семејната гордост“ во Италија. Тоа го потврдиле за Асошиејтед Прес, и претставници на ЛГБТ заедницата и противници на истата.

Немало такво нешто, ниту пак, владата има таков предлог. Доказ дека се работи за лажна вест е и тоа што ниеден италијански медиум никогаш нема споменато такво нешто, вели за Асошиејтед Прес, Јакопо Кон, портпарол на групата која е противник на абортусот и истополовите бракови „Про вита и фамилија“, а која е со седиште во Рим.

Тој додава дека „месец на семејната гордост“ како спротивен настан на месецот на гордоста, не е приоритет за неговата организација.

Од една едноставна причина: не бараме и не сакаме симболични предлози или настани, туку конкретни и перзистентни политики за да се промовира и да му се помогне на семејството, вели тој.

Портпаролот на организацијата од Болоња за заштита на правата на ЛГБТ заедницата „Арцигеј“, Винченцо Брана за „Асошиејтед Прес“ вели дека доколку нешто такво се случи, фигуративно, организацијата би се спротивставила на таквата идеја.

Во постот што го рецензираме, а во којшто невистинито се тврди дека Италија го прогласила јуни како „месец на семејната гордост“, се споделува видео клип од долги години одржуван марш против абортусот во Рим, вели Габриел Магни, професор по политички науки.

Манифестационе национале пер ла вита, или националните демонстрации за живот, се организираат од страна на Асоцијацијата за денот на семејството, и годинава се случија на 20 мај.

Во италијанските медиуми нема написи за тоа дека јуни е прогласен за „месец на семејството“ како што невистинито се тврди во постот.

Проверувачите на факти на Истиномер Србија, исто така пишуваат дека Италија го нема прогласено јуни за месец на семејството.

До слични заклучоци дојдоа и проверувачите на факти на USA Today и на Политифакт.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...