fbpx

Евтина струја од 13 до 15 часот ќе има од први декември

„Кога ја укинавме евтината тарифа, ветив дека во првата можност кога ќе има шанса за враќање, дека тоа ќе го направам“, рече претседателот на РКЕ

-

Од први декември се враќа евтината тарифа од 13 до 15 часот и тоа е максимумот што можевме да направиме. Евтината тарифа не ја воведуваме од политички причини, туку заради сигналот на цената на електричната енергија на сите берзи во Европа. Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој кажа дека цената во овој период, веќе осум месеци е пониска од цената на електричната енергија после 24 часот.

„Со ова даваме сигнал и на ЕСМ и на ЕВН хоум набавките да ги интензивираат, а ЕСМ да се вклучат во купопродажба на електрична енергија и на нашата берза и дополнително да склучува договори со фотоволтаичните електрани во државата, а цената да биде пониска од пазарната. Така ќе штедиме вода и јаглен. Тоа ќе продонесе да се намалат трошоците“, рече Бислимовски.

Тој потсети дека во изминативе две години, Македонија била соочена со енергетска криза, која беше ценовна и која значеше зголемени цени и на струјата и на природниот гас.

„На ова се надоврза и руско-украинскиот конфликт кој ја усложни ситуацијата. Но, успеавме да се справиме со кризата“, рече тој.

Грејната сезона, додаде Бислимовски, започнала на време за разлика од други земји.

„Рестрикции немавме. За 17 месеци во државата се изградени 270 мегавати нови обновливи избори кои ни помагаат во справувањето со оваа криза. Во првите пет месеци увозот е 12 отсто, што претставува најмал увоз на струја откако како држава увезуваме струја“, потенцира претседателот на РКЕ.

Тој потсети дека во декември цените и за домаќинствата и за малите потрошувачи биле намалени.

„За малите потрошувачи беше 20 отсто, а за домаќинствата – 3 отсто. Енергетската криза е веќе нормална работа, ова е новото нормално. Не гледаме дека ќе има промени на цените. Во ова ново време треба да се привикнеме и да се прилагодуваме. Еден од најдобрите начини е да купуваме струја кога е таа најевтина“, истакна Бислимовски, кој потсети дека кога беше укината евтината тарифа, ветил дека во првата можност кога ќе има шанса за враќање, дека тоа ќе го направи.

Вкупната цена на електрична енергија во прв блок со вкалкулирана енергија и мрежарина се намалува за 7 отсто. Цената во втор блок се намалува за 4 отсто. Цената на електрична енергија во трет блок ќе се зголеми за 2,5 отсто, а во четвртиот блок блок ќе се зголеми за 2,4 отсто.

„Цените во евтина тарифа остануваат речиси исти, а кај малите потрошувачи има минимално зголемување од 0,38 отсто“, информира Бислимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...