fbpx

Петровска: Набавени се 32 оклопни возила, ќе набавиме и осум хеликоптери

Стратешките документи каде се точно наведени плановите за тоа кој сегмент на Армијата како ќе се развива со конкретно дадени рокови, веќе постојат и согласно планираното се исполнуваат, а за тоа има и соодветно буџетирање, што недостасувало пред 2018 година, рече Петровска

-

При процесот на модернизација на Армијата многу се важни два сегмента – прво е важно да имате стабилен план кој е одржлив и може да биде реализиран и второ да имате соодветно финансирање, односно буџетирање. Во случајот со одбраната тоа е факт“, истакна во интервју за ТВ24, министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

„Стратешките документи каде се точно наведени плановите за тоа кој сегмент на Армијата како ќе се развива со конкретно дадени рокови, веќе постојат и согласно планираното се исполнуваат, а за тоа има и соодветно буџетирање, што недостасувало пред 2018 година. Постои една сериозна дупка од десетина години кога во одбраната немало големи инвестиции, што не е случај од 2018 година наваму. Порастот во буџетот секоја година за одредена стапка, нè доведе до тоа да сега оваа година имаме 1,85 отсто од БДП, средства кои се доделени на Министерството за одбрана и Армијата со намера согласно плановите следната година тој процент да постигне 2 отсто“, информираше Петровска.

За веќе набавената опрема министерката истакна дека пристигнати се вкупно 32 лесни оклопни возила JLTV, согласно планот страјкерите треба да стигнат во текот на 2024 година, а информираше и за тековните набавки на други видови на опрема.

„Во Министерството и Армијата веќе се знае како ќе ги користиме средствата за следната година. Набавките на JLTV, на Страјкерите, договорите кои ги потпишавме минатата година со Турција за набавка на артилериски систем, со Франција за набавка на систем за противвоздушна одбрана, со Чешка за ремонт на два хеликоптери кои веќе ги имаме и кои ќе бидат користени сè додека не стигнат новите хеликоптери за кои постапката е веќе при крај, се повеќегодишни и бидејќи се огромни суми на финансиски средства истите се планирани да се исплаќаат повеќе години“, рече Петровска.

Во врска со борбената готовност и донациите на опрема за Украина, министерката Петровска го повтори ставот дека секоја од одлуките за донација на опрема е носена врз база на позитивно мислење од стручното тело, односно Генералштабот на Армијата и дека опремата која е донирана согласно стратешките документи во државата не е планирано да се употребува и не е согласно стандардите на Алијансата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...