fbpx

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

Министерката истакна дека оваа програма ги поврзува научниците, НАТО и нејзините партнерски земји за да се справат со предизвици преку научно истражување, технолошки иновации и размена на експертиза и знаење

-

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски земји и таа можност треба да се искористи, бидејќи резултатите ќе бидат од корист за сите“, рече денес Министерката за одбрана Славјанка Петровска при отварање на Информативниот ден на НАТО Програмата.

Министерката истакна дека оваа програма ги поврзува научниците, НАТО и нејзините партнерски земји за да се справат со предизвици преку научно истражување, технолошки иновации и размена на експертиза и знаење. Ја повика академската заедница во Северна Македонија да ја искористи оваа можност за поблиска и поефикасна соработка.

„Особено ни се важни интердисциплинарните истражувања и отвореноста на академскиот простор, за пред сè, да го зачуваме дијалогот помеѓу сите чинители жив, отворен и витален, и да ги донесеме најдобрите решенија за сите, со помош на наука базирана на докази, преку која ќе обезбедиме траен мир и просперитет за сите граѓани во сите области на живеењето“, рече Петровска.

Шефот на Одделот за управување и координација на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“, Клаудио Палестини, порача дека Северна Македонија веќе беше дел од еден од најважните проекти на оваа програма за развој на Команден систем за инциденти од следната генерација, кој е значајна алатка во зголемувањето на подготвеноста за одговор на кризи како одрони и поплави.

“Среќни сме да ја наречеме Северна Македонија сојузник”, изјави Палестини и додаде дека Северна Македонија како земја членка овозможува нејзините истражувачи и проекти да се развиваат во рамките на оваа НАТО програма заедно со партнерските земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...