fbpx

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се прикажани луѓе како танцуваат, кои биле дигитално изменети за да го вклучат лицето на францускиот претседател. Видеото на кое се гледа како украинскиот претседател Зеленски танцува во егзотичен црвен фустан, исто така е изменето со дип фејк

-

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се прикажани луѓе како танцуваат, кои биле дигитално изменети за да го вклучат лицето на францускиот претседател. Видеото на кое се гледа како украинскиот претседател Зеленски танцува во егзотичен црвен фустан, исто така е изменето со дип фејк технологија, за што Вистиномер веќе има пишувано.

Најновата анализа на Вистиномер ја пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува видеа на кои наводно се гледа како францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски танцуваат. Макрон со стајлинг од 80-тите години, а Зеленски во егзотичен црвен фустан.

Стратешките партнери на СДС ДУИ ДПМНЕ, стои во објавата.

Видеата се дип фејк (deep fake) и манипулирани.

На првото видео е прикажан наводно Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат и прават потези карактеристични за 80-тите години. Макрон на видеото е прикажан со различни стајлинзи, а го има и во женско издание, со женска фризура, шминка, накит и фустани.

Сепак, видеото е манипулирана верзија на клип на кој се прикажани луѓе како танцуваат во 1980-тите, кои биле дигитално изменети за да го вклучат лицето на францускиот претседател, пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс.

Каналот на Јутјуб на танцовиот клуб „Стратус“ во Калифорнија ги објавил немонтираните видеа во јули 2009 година, во повеќе снимки коишто ги прикажува истите луѓе како танцуваат во 1986 и 1987 година, како што стои во описот на видеата.

Стратус беше истакнат танцов клуб на SoCal без алкохол, за лица под 21 година, се вели во описот на каналот, кој содржи неколку други слични клипови на млади танчери.

Блогот за контракултура Dangerous Minds, исто така, ја споделил снимката  во 2016 година, опишувајќи го „Stratus Dance Club“ како „хипнотизирачки и прекрасен“ калифорниски њу вејв синтисајзерски поп клуб.

Што се однесува до видеото на кое украинскиот претседател Зеленски танцува во егзотичен црвен фустан, и тоа е изменето со дип фејк  технологија. За ова видео Вистиномер веќе има пишувано.

Ова видео, како и други што ги има проверено Вистиномер, се дел од наративот да се исмева украинскиот претседател како неспособен за работната позиција.

Една од причините зошто толку често Зеленски е мета на вакви видеа, особено поврзани со танцување е затоа што пред да стане претседател, тој бил комичар и дел од шоу-бизнисот. Претходно учествувал во емисијата „Танцување со ѕвездите“ (во 2006 година), а снимил и сатирично видео каде тој прво танцува во традиционалната носија на козаците, којашто ја кине и продолжува да танцува во високи штикли и тесна кожна облека – слично како хит песната „Single ladies“ на Бијонсе. Па, доколку некој го видел како тој танцува во вистинити видеа, може лесно да поверува ако на социјалните мрежи се прошири некое манипулирано, како што е ова.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека видеата се изменети и манипулирани со цел да се исмеваат францускиот и украинскиот претседател. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промовирани новите полициски службеници, генерација 2023-2024

Денеска се одржа пригодна церемонија по повод свечената Промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, во Центарот за обука на МВР во Идризово, на која покрај раководството...