fbpx

Лордот Стујарт Пич ја потврди британската поддршка во одбраната

На состанокот присуствувал и амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон

-

Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат силна одбранбена соработка, видлива преку континуираната британска поддршка во доменот на военото образование, различни видови донации и заеднички вежби на припадници на двете вооружени сили на полигонот „Криволак“. Ова го истакна денеска лордот Стјуард Пич, претставникот на Обединетото Кралство за Западен Балкан, кој се сретна со министерката за одбрана Славјанка Петровска. Тие разговарале за безбедносната состојба во Европа и во регионот на Западниот Балкан и за развојот на одбранбените односи помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство како сојузници во Алијансата.

На состанокот присуствувал и амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон.

Обединетото Кралство е сојузничка земја со која Северна Македонија има развиено сеопфатна одбранбена соработка. Во 2023 година биле реализирани десет заеднички обуки и вежби, а припадници на Армијата продолжиле да се усовршуваат на високи воени школи во оваа земја.

Како што соопштува Министерството за одбрана, со пари на Обединетото Кралство (околу еден милион фунти), на Криволак поставени биле 14 комплексни мобилни единици за обука на армиските припадници во урбана средина. Исто така, донирани биле и електронски системи за таргетирање, а во финална фаза била и изработката на кула за гаѓање. Освен тоа, британски војници реализирале голем број обуки со припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група на македонската Армија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...