Платформската игра „Ислетс“ е бесплатна до четврток на „Eпик гејмс“

Играте со специфично нацртан глушец кој е на мисија да ги спои летечките острови наречени „Iselts“, кои некогаш биле држени од технолошки магнетни полиња и сега се разделени. Како поминувате нивоа, така ги комплетирате островите за спојување

Платформската игра „Iselts“ иако се класифицира како „Метроидвенија“ игра. Негативните работи како тешкотијата на играта се намалени на минимум, всушност и нема голема разлика ако ја играте играта на најлесно или на најтешко што ја прави попристапна и за повозрасните и за новите генерации.

Повелете и погледнете го трејлерот за Iselts: 

Арт стилот во играта е сличен на анимеата од Studio Ghibli, a најмногу потсетува на атмосферата во Howl’s Moving Castle, за кој гласот за главниот лик Howl го има позајмено актерот Кристијан Бејл најпознат по улогите на Бетмен, Машинист и протагонист во филмот Еквилибриум

Што се однесува до приказната во играта, играте со специфично нацртан глушец кој е на мисија да ги спои летечките острови наречени „Iselts“, кои некогаш биле држени од технолошки магнетни полиња и сега се разделени. Како поминувате нивоа, така ги комплетирате островите за спојување. 

Има главни кои се со по две фази на борба и се предизвик да се победат. Исто така има и мисии со летање во авионче што потсетува на ерата на трикрилци. Наоружани сте со меч, лак и стрели, но подоцна во играта отклучувате и апгрејди каде од три опции бирате една за надограби и има и други вештини што се стекнуваат како на пример двоен скок. Играта е динамична и забавна особено е добро што е релативно понова платформска игра. Ако сакате да видите и други наши предлози за овој тип игри може да прочитате за нив овде.

Играта е бесплатна на Epic Games до утре до 17 часот. Нејзината редовна продажна цена е околу 20 евра, но дефинитивно вреди да се игра затоа што има да понуди. Забавна е за сите генерации гејмери. За да се завшри играта во целост потребни се околу 10 часа активно играње. Има точки за снимање на вашиот напредок така што може да ја играте во било кое време.