Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, предметот вратен на повторно судење

Судењето за случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски (Боки 13) во која беа обвинети Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и Фросина Ременски и Христина Блажеска, за делата „перење на пари“ и „измама“, започна на 21 јули 2020 година

-

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за предметот „Меѓународен сојуз“, во кој првообвинетиот Бојан Јовановски беше осуден на деветгодишна затворска казна. Со решение, судот ги уважил жалбите на обвинетите Б.Ј., Ј.Е., Х.Б. и обвинетото правно лице М.С.

„Апелациониот суд донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетиот М.J. на начин што пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 година ја потврди во ослободителниот дел по однос на обвинетите Ф.Т.Р. и Х.Б. за кривично дело Измама од член 247 став 4 в.в со став 1 и в.в. со член 24 од Кривичниот законик и ја преиначи во осудителниот дел – делот на одлуката за кривичната санкција по однос на обвинетиот М.Ј. од С., за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик со што обвинетиот М.Ј. од С. се осудува на казна затвор во траење од 1-една година“, наведено е во соопштението од Судот.

Судењето за случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски (Боки 13) во која беа обвинети Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и Фросина Ременски и Христина Блажеска, за делата „перење на пари“ и „измама“, започна на 21 јули 2020 година.

Јовановски, како прв човек на организацијата, во предметот е првообвинет за кривичните дела перење пари и за измама, а Ременски беше третообвинета за помагање во делото измама. Таткото на Боки, Миле Јовановски, се товареше за помагање во перењето пари, како и за незаконско изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола.

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...