fbpx

Маричиќ и Тренчевска маршираа на Парадата на гордоста

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, маршираа на Парадата на гордоста, која годинава се одржаа под мотото: „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека неговото присуство на Парадата на гордоста е чин на солидарност и максимална поддршка на борбата за човековите права и слободи на секој еден, на секоја една и дека на ЛГБТИК+ Парадата, се маршираше против хомофобијата, секаква омраза, насилство и дискриминација.

„Горди сме на слободата која ја живееме. Но, слободата ниту е конечна, ниту е доволна, особено ако сè уште постојат луѓе кои не се чувствуваат слободни. Да градиме општество еднакво за сите и да научиме да живееме со почит и толеранција, прифаќајќи ги различностите. Да се излезе за љубов и за еднаквост е достоинствено и праведно“, стои на Фејсбук профилот на вицепремиерот Маричиќ.

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска вели дека Министерството за труд и социјална политика, го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација со кој се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, со кој за прв пат како основ за дискриминација се дефинирани сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

„Правото на избор секој да го живее сопствениот живот со изборот што го направил е неприкосновено право. Да се научиме да живееме и да практикуваме толерантност, почитување и прифаќање на различностите. Едно општество за сите“, напиша на Фејсбук министерката Тренчевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...