fbpx

Бугарскиот весник „Труд“ осуден за „угнетување“ преку ширење руска пропаганда за хомосексуалците

-

Петју Б’лсков, сопственикот на бугарскиот весник „Труд“ и неговата фирма „Труд медиа“ добија судска пресуда за угнетување на групи од бугарското население преку распространување материјали од руските медиуми оформени како класична антизападна и прокремљовска пропаганда, јави бугарскиот новински сајт mediapool.bg.

Станува збор за материјал со наслов „Педерастите в САЩ бият тревога“ преведен и објавен идентично на оригиналот во онлајн-изданието на весникот „Труд“ на 2 септември 2019 година. Оригиналната вероја на руски јазик е објавена на РИА „Каќуша“, кое се дефинира себеси како „патриотски сајт“.

По преобјавувањето на бугарски јазик е поднесена пријава до бугарската Комисија за заштита од дискриминација, во која се вели дека во статијата се користат навредливи, понижувачки и поттикнувачки кон предрасуди и омраза епитети, односно „педери“, „перверзници“ и „содомити“.

РИА „Каќуша“ хомосексуалноста ја опишува како болест, а хомосексуално ориентираните како опасни и „агенти“ што со зла намера инфилтрирани како „во власта и во медиумите“, така и „во училиштата и во здравството“ за да извршат „агресивен притисок“ врз руската држава и „ги насочуваат децата кон опасно поведение“. Сите работи онлајн изданието „Труд“ ги превело дословно.

Во статијата не се приложени докази за ваквите тврдења.

„Труд“ во статијата напишал дека има право да објавува таков материјал затоа што има слобода на говор и право на изразување.

Комисијата за заштита од дискриминација наложила на „Труд медиа“ принудни административни мерки и го задолжила Петју Б’лсков да спроведе неколку работи. Првин да разработи и воведе методи и механизми на интерна контрола во медиумот по избор на раководителите и правила за недозволување дискриминација. Втората мерка била да се извести Комисијата за заштита од дискриминација за резултатите од спроведувањето на разработените механизми за интерна контрола. Третата мерка била бришење на статијата од електронското издание на весникот „Труд“.

Б’лсков поднел жалба на решението пред Управен суд – Софија, но судијката Цветанка Паунова во целост се согласила со Комисијата и рекла дека статијата има јасно дискриминаторска содржина и претставува „угнетување“.

Одлуката на Управниот суд може да биде обжалена пред Врховниот административен суд, пишува mediapool.bg.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....