fbpx

Обединетите Нации не ги замениле знамињата на сите 193 држави со знамиња на ЛГБТИ

Знамињата во Рокфелер центарот често се заменуваат со тематски знамиња. На пример, минатиот април, националните знамиња беа заменети со знамиња на кои има храна

-

Фотографијата прикажана во постот е од Рокфелер центарот во Њујорк, а не од седиштето на Обединетите нации, пишува Вистиномер.мк.  Оваа фотографија  е стара, од 2019 година и може да се пронајде овде.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

На оние кои си дозволуваат да размислуваат, им е јасно дека ова е спроведување на уште една болна Агенда.

Потоа во склоп на објавата има фотографија од медиумски напис со наслов:

Обединетите Нации ги заменија знамињата на сите 193 држави со знамиња на ЛГБТИ

Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, фотографијата е од Рокфелер центарот во Њујорк, а не од седиштето на Обединетите Нации.

Портпаролот на Обеинетите Нации, Ширин Јасин за Ројтерс вели дека знамињата на земјите членки на ОН не биле отстранети за Прајд 2023.

Единствените знамиња што ги има ОН се оние на 193 -те земји членки, вели таа во изјава за Ројтерс.

Фотографиите може да се пронајдат на следниот линк точно означени.

Знамињата во Рокфелер центарот често се заменуваат со тематски знамиња. На пример, минатиот април, националните знамиња беа заменети со знамиња на кои има храна.

Според објавеното на страницата на Рокфелер центарот, кампусот е декориран со прајд знамиња и бои во текот на јуни 2023 година, во чест на месецот на гордоста.

Проверувачите на факти на Асошиејтед Прес, пишуваат дека во Рокфелер центарот знамињата се менуваат, така што неодамна, биле изложени само американски знамиња.

На фотографијата не се прикажани знамиња пред ОН. Единственото знаме кое е пред зградата на ОН е тоа на 193-те земји членки и на самата организација, вели за Асошиејтед прес Стефан Дујариќ, лице за комуникација со медиуми на ОН.

Според него, тоа се нема променето од 1945 година.

Постот е објавен во текот на анти – ЛГБТ реториката и дезинформациите на оваа тема во текот на месецот на гордоста, јуни годинава.

Фотографијата во постот што го рецензираме, всушност е стара, од 2019 година и може да се пронајде овде.

Нејзиниот наслов гласи:

Знамиња со виножитото изложени на Рокфелер плаза, Њујорк, за да се одбележи 50 – от јубилеј од немирите во Стоунвол, 2019.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека Обединетите нации ги замениле знамињата на сите 193 држави со знамиња на ЛГБТИ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...