fbpx

Папата Франциск побара прекин на непријателствата меѓу Израелците и Палестинците и многу повеќе помош за Газа

Папата рече дека оружјето никогаш нема да донесе мир и дека конфликтот не смее да се прошири

-

Папата Франциск денеска повторно апелираше за прекин на непријателствата меѓу Израелците и Палестинците и побара многу повеќе хуманитарна помош за Газа.

„Доста, доста, браќа, доста“, рече Франциск, обраќајќи се на присутните на плоштадот Свети Петар по неговата неделна молитва. Папата побара ранетите во Појасот Газа веднаш да се згрижат и да се обезбеди заштита на цивилите. Тој, исто така, рече дека заложниците што ги држи Хамас мора да бидат ослободени.

Папата Франциск рече дека оружјето никогаш нема да донесе мир и дека конфликтот не смее да се прошири. Посочи дека сочувствува со сите кои страдаат, Палестинци и Израелци, додавајќи дека се моли за нив.

Израел во неделата соопшти дека е подготвен да ги евакуира бебињата од најголемата болница во Газа, но палестинските власти рекоа дека луѓето се уште се заробени додека во близина беснеат интензивни борби. Многу малку помош влезе во Газа откако Израел му објави војна на Хамас пред повеќе од еден месец, откако милитантите влегоа во јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и зедоа повеќе од 200 заложници. Палестинските власти во петокот соопштија дека над 11.000 жители на Газа биле убиени во воздушни и артилериски напади од тогаш, од кои околу 40 отсто биле деца.

Франциско веќе повика на создавање хуманитарни коридори и рече дека е потребно решение за да се стави крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...