fbpx

Старо видео од шатори со мигранти во Брисел не го отсликува животот во Европската Унија

-

Со старо видео од подигнати шатори, покрај каналот во Брисел, објавата манипулира дека во ЕУ има премногу бездомници, владее сиромаштија и мизерија. Видеото е направено во јануари годинава, кога поради напливот на мигранти, кои чекаат азил во Белгија, беа поставени шатори на мостот во близина на замокот Петит (Владината агенција за азил Федасил). На 7 март годинава тие беа отстранети, а лицата беа евакуирани и згрижени. Впрочем, наспроти манипулацијата во објавата, Белгија се смета за една од најбогатите земји, со висок животен стандард, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, која со старо видео од јануари годинава, се обидува да претстави  лоша слика за состојбите во ЕУ.

Во постот стои:

🇪🇺 Европската градина цвета и мириса…

Дали се сеќавате на тој цитат од говорот на Борел?

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност/потпретседател Џозеф Борел: Европа е градина, остатокот од светот е џунгла.

-“Членството во Унијата нема алтернатива”

– Унијата👇

Под постот се споделува видео од десетици шатори во центарот на Брисел, како обид да се претстави животот во Европската Унија. Ова е манипулација.

Видео од шатори на мигранти во Брисел не ја отсликува состојбата во Европската Унија, како што впрочем авторот се обидува да ја претстави.

Имено, видеото е направено во јануари годинава, кога поради напливот на мигранти, кои чекаат азил во Белгија, беа поставени шатори на мостот во близина на замокот Петит (Владината агенција за азил Федасил).

Овој видеоклип ја прикажува состојбата на околу 150-тина бегалци и баратели на азил од Авганистан, Сирија и африканските земји кои моментално (н.з. јануари-март 2023) живеат во шатори на улицата пред таканаречениот Петит Шато, седиште на белгиската државна агенција за бегалци Федасил, пренесе Европскиот парламент.

Евроњуз во март годинава објави:.

Брисел има проблем. Постојано растечката криза на барателите на азил ги остава луѓето на улиците да живеат во импровизирани шатори со месеци, додека чекаат да се регистрираат во преоптоварениот имиграциски систем на Белгија. 

Мигрантите добија поддршка и дел од резидентното население, кое во знак на поддршка на 7 февруари годинава мина една ноќ со нив на улица.

Десетина жители на Брисел минатата недела една ноќ спиеја во шатори на улиците на градот во знак на солидарност со стотиците баратели на азил, кои се принудени да спијат секоја вечер како резултат на тоа што владата не им обезбеди засолниште, пренесе Бриселс тајмс.

Шатори со мигранти во Брисел се појавуваат години назад. Беа поставени и отстранети и во 2021 година. и 2022 година.

На 07 март годинава беа отстранети шаторите со мигранти во Брисел, а мигрантите беа евакуирани и сместени.

Шаторите се отстранети од локацијата и уништени, нешто што беше критикувано од адвокатите на барателите на азил и граѓанските организации. Сепак, градоначалничката Catherine Moureux објасни дека, поради заразните болести идентификувани кај дел од мигрантите, тие не се повеќекратно употребливи и мора да се одземат.

Врпочем, факт е дека Белгија, на почетокот на годината се соочи со недостиг на простор за сместување на големиот број мигранти, како резултат на зголемениот прилив на баратели на азил.

Белгија, една од најбогатите земји во светот, не можеше да обезбеди сместување за многу новопристигнати мигранти во речиси преполните прифатни центри. Стотици луѓе се сместуваа во напуштени згради и камп со шатори во главниот град Брисел, дом на институциите на ЕУ, пренесе  Ројтерс  во март годинава.

Официјалните власти изјавија дека приемот на бегалци од Украина и зголемената имиграција од Африка и Азија ја оптоварува земјата со околу 11,6 милиони луѓе.

Предизвикот е многу голем, повеќе од 100.000 луѓе пристигнаа во нашата земја минатата година и приливот останува поголем од нормалниот, рече за Ројтерс белгиската министерка за азил и миграција, Никол де Мур.

Според агенцијата за азил – Федасил, прифатниот капацитет на Белгија од нешто повеќе од 34.000 места во моментов е речиси целосно исполнет, што доведува до сцени како оние во Брисел каде луѓето се оставени сами на себе, живеејќи во шатори и палејќи огнови против студот во центарот на градот, пишуваше Ројтерс во март годинава.

Денес шаторите ги нема, но се смета дека околу 2.600 мигранти сè уште чекаат да бидат прифатени, објави деновиве (02.11.2023) Евроопсервер.

Ако ги погледнеме статистиките во Белгија, половина од нашите барања за азил се направени од луѓе кои имаат статус на друго место во ЕУ, половина никогаш не биле регистрирани, информираше белгиската министерка за миграција, Никол де Мур.

Таа најави планови за создавање приближно 6.600 дополнителни места за прием и рече дека се обидуваат да се создаде 2.000 места, како дел од планот за оваа зима, пренесе Еуроопсервер на 2 ноемри годинава.

Познато е дека мигрантите ги запоседнуваат празните згради, со цел да вршат поголем притисок врз властите на Белгија за добивање на азил.

На 15 октомври годинава тоа се случи и со поранешните простории на македонската мабасада во Брисел, каде упаднаа десетици мигранти од Конго.

Под притисок на полицијата и белгиската влада тие на 5 ноември ги напуштија просториите на амбасадата.

Впрочем, наспроти видеото со кое авторот манипулира дека во ЕУ се живее во шатори, мизерно и сиромашно, Белгија се смета за една од најбогатите земји, со висок животен стандард. Според бројките објавени во извештајот за глобално богатство, Global Weаlth Report Белгија е ставена на највиско ниво, односно просечното богатство во Белгија е поголемо отколку во која било друга земја во светот.

Никој не може да предвиди дали повторно оваа зима шаторите со мигранти ќе се појават низ центарот на Брисел, но факт е дека тие не ја отсликуваат состојбата во Европската Унија.

Токму поради наведените факти, оценуваме дека во оваа објава се манипулира со контекстот заради што корисниците на социјалната мрежа се доведуваат во заблуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...