Плоштадот „Скендербег“ од 14 милиони евра е во очајна состоја, отпадоци на секој чекор

Проектот кој граѓаните ги чинеше 14 милиони евра и кој владејачката партија ДУИ со години го пропагира како гордост и ремек дело, денес е покриен со отпадоци, без функционален лифт и ескалатори, пишува Порталб.мк

-

Плоштадот „Скендербег“ во Скопје е главното место каде Албанците одржуваат културни, уметнички, но и политички и граѓански настани. Проектот кој граѓаните ги чинеше 14 милиони евра и кој владејачката ДУИ со години го пропагира како гордост и ремек дело, денес е покриен со отпадоци, без функционален лифт и ескалатори, пишува Порталб.мк.

Ќе се отстранат двете полусферични тенди

Поради ниските температури Општина Чаир одлучи да ги отстрани оштетените полусферични тенди од плоштадот „Скендербег“ иако беше планирано истите во месец мај да се заменат со нови, информира Порталб.мк.

„Општина Чаир ги отстрани оштетените полусферични тенди од плоштадот „Скендербег“. Поставувањето на новите тенди ќе се изврши на почеток на пролетта догодина, поради тоа што ниските температури ги оштетуваат истите“, велат од Општина Чаир за Порталб.мк.

До пролет плоштадот ќе остане без единствените тенди каде што граѓаните имаа можност да се засолнат од дождот или од сонцето.

Нечистотија и хаос во плоштадот

Порталб.мк го посети плоштадот „Скендербег“ на 20 октомври, 31 октомври и 9 ноември годинава, во различни временски периоди за да ја види состојбата со хигиената на плоштадот „Скендербег“. На сите три датуми во горниот и долниот дел на плоштадот редакцијата на Порталб наиде на отпадоци и нечистотија.

Во ужасна состојба е лифтот на плоштадот, кој не работи, но е полн со отпадоци, исто како и ескалаторите кои не се во функција. На споменикот „АБЦ“, кој беше поставен во 2018 година на Денот на азбуката, сè уште недостига буквата „Ц“. Општина Чаир не одговори на прашањата на Порталб за овие проблеми.

Во долниот дел од плоштадот ситуацијата не е ништо подобра – исчкртани ѕидови и отпадоци фрлени има насекаде, а очигледно е и дека почнале да се оштетуваат и делови од мозаиците на ѕидовите на плоштадот.

Повеќе детали има во видеото од Порталб.мк:

Во овој период кога Порталб го посети „Скендербег“, на 1 ноември годинава, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, сподели видео на кое се гледаат работници како го чистат долниот дел од плоштадот околу споменикот на „Скендербег“ со цистерна.

Но, и покрај ова, општата состојба на плоштадот „Скендербег“ е лоша.

На линкот во продолжение може се погледнете промотивното видео на плоштадот „Скендербег“:

Плоштадот „Скендербег“ официјално беше отворен во септември 2017 година, а работите за него започнаа во 2012 година и истиот се протега на површина од над 28 илјади квадратни метри.

Во март годинава, Порталб.мк пишуваше дека дека тeндите на Плоштадот “Скендербег” се искинати, а под споменикот „АБЦ“ спијат бездомници.

Беше најавено дека тендите ќе се поправат во мај, но во јули тие се уште беа во истата состојба.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска изјави дека неколку граѓани се јавиле во ЦУК и известиле дека тротоарот што минува под Стоковната куќа „Мост“ и плоштадот „Скендербег“ е небезбеден и истиот нема ограда.

Фото: ЦУК

„По него се движат многу пешаци, велосипедисти, со електрични тротинети и скутери. Од тие причини ЦУК се обрати до Град Скопје со барање да се постави заштитна ограда кон улицата, на ивицата од овој тротоар, што на некои места е повисоко повеќе од два метра во однос на коловозната лента. Извесно време подоцна, градот Скопје нè извести дека е поставена ограда на тротоарот од двете страни на булеварот под Стоковната куќа „Мост“ и плоштадот „Скендербег“. Оваа ограда е безбедна, ја гарантира безбедноста на граѓаните коишто минуваат овде, без разлика дали се пешаци, велосипедисти или управуваат електрични тротинети или скутери“, рече Ангелов, заблагодарувајќи се на Град Скопје.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...