fbpx

Папата Франциск ја осуди руската инвазија и се моли за мир во Украина

-

Папата Франциск денеска за време на неговата дводневна посета на Малта повторно ја осуди војната во „маченичката“ Украина. Изјавата на Папата следува по пронаоѓањето на 20 тела на цивили во Буча, недалеку од Киев.

„Се молиме за мир додека размислуваме за хуманитарната трагедија на маченичката Украина, која сè уште живее под бомбите во оваа војна“, рече папата Франциск по мисата одржана на отворено во Ла Валета пред најмалку 12.000 луѓе.

Папата во вчера ја осуди руската инвазија, потсетувајќи на како што рече сите оние моќни луѓе кои, за жал, се заробени во нивните анахрони претензии со националистички интереси зад себе, што поттикнува конфликти. Тој  го осуди „привлекувањето на автократијата“ и „новите империјализми“ кои му се закануваат на светот со „голема студена војна која може да уништи цели народи и генерации“.

Еден ден претходно, папата Франциск рече дека размислува за посета на украинскиот главен град Киев, откако доби покана од украинскиот претседател, Володимир Зеленски и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...