fbpx

Државите ги евакуираат своите граѓани од Судан, Папата Франциск повикува на дијалог

Насилството во Судан изби на 15 април меѓу силите лојални на армискиот началник Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот ривал и заменик, Мохамед Хамдан Дагло, кој командува со моќните паравоени сили за брза поддршка (РСФ)

-

Папата Франциск денеска повика на дијалог за решавање на „сериозната“ ситуација во Судан, каде повеќе од една недела има смртоносни борби меѓу армијата и паравоените сили.

„За жал, ситуацијата во Судан останува сериозна и затоа го обновувам мојот апел насилството да престане што е можно поскоро и да се следи патот на дијалогот“, рече Папата за време на неделната традиционална јавна молитва на плоштадот Свети Петар.

Утринава, американските сили за специјални операции за помалку од еден час со хеликоптери ја евакуираа американската амбасада во Картум, во завојуваниот Судан.

Eвакуирана американската амбасада во Картум, Судан

Во меѓувреме, оваа источноафриканска земја се соочува со сериозни прекини на интернет во услови на борба за власт на улиците на главниот град Картум и низ целата земја.

„Мрежните податоци во реално време покажуваат практично целосно прекинување на интернетот во Судан, националното поврзување не достигнува повеќе од два отсто од нормалното ниво“, објави на Твитер организацијата НетБлокс со седиште во Лондон.

Државите ги евакуираат своите граѓани од Судан, со меѓународна помош. Српското Министерство за надворешни работи потврдило дека во соработка со надлежните тела на ОН, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Турција, започнало евакуација на српски државјани од Судан, односно Картум.

„Четворица државјани на Србија заминаа со конвојот на ОН. Шест наши граѓани се евакуирани од конвојот на ОАЕ, додека еден наш државјанин се приклучил на конвојот организиран од Турција“, се наведува во соопштението на српското МНР.

И британските дипломати и нивните семејства се евакуирани од Судан во „сложена и брза операција“, соопшти британскиот премиер Риши Сунак.

Насилството во Судан изби на 15 април меѓу силите лојални на армискиот началник Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот ривал и заменик, Мохамед Хамдан Дагло, кој командува со моќните паравоени сили за брза поддршка (РСФ).

Насилството, главно во Картум и Дарфур, одзеде животи на повеќе од 420 луѓе, додека повеќе од 3.700 се повредени, според податоците на Светската здравствена организација. Раселени се десетици илјади луѓе во други држави на Судан или надвор од границите на земјата, во Чад и Египет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...