fbpx

Бајрами: Промените во владата и именувањата со политички пазари ја зголемуваат корупцијата

Треба да се повлече црвена линија меѓу политиката и професионалноста во поглед на менаџирањето на јавниот интерес од страна на институциите на системот и не треба да се случи раководните органи на системот да бидат избрани преку политички пазарења, вели членот на Антикорупциската комисија Нури Бајрами во интервју за Порталб

-

Северна Македонија минатата година спроведе разочарувачки процент на активности против корупцијата. Но, тоа што е уште поразочарувачко е фактот дека од 2021-та година овој процент е преполовен. Односно, ако во 2021 година се реализирани 20%, во 2022 година оваа бројка е сведена на 10%. Bо врска со оваа проблематика, Порталб.мк разговараше со членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Нури Бајрами, од која комисија и произлегоа овие разочарувачки податоци. Според Бајрами причините таквото ниво на применување на антикорупциските активности се многубројни, но една од нив е именувањето на политички кадар, односно избори направени преку политички пазари, а не преку мерит-систем.

Што е со Националната стратегија и зошто не се спроведува од страна на Собранието?

Нури Бајрами: Надлежност на ДКСК е да изготви Национална стратегија против корупцијата и конфликтот на интереси, која е петгодишна Национална стратегија, и секоја година мора да помине во Собрание, се усвојува од Собранието и потоа секоја година, како што се доставува Извештајот за работењето на комисијата за претходната година, така се доставува и извештај за спроведувањето на националната стратегија за претходната година, до 31 март на тековната година. Значи во тековнава година сме доставиле извештај за претходната година и тоа е законска надлежност. Одржана е посебна седница, извештајот поминал јавно, донесен е со мнозинство гласови од членовите на ДКСК и потоа е доставен до Собранието. За жал, сè уште не е поминат извејштајот за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси за 2021 година, а не се знае кога ќе помине за 2022 година, и сето ова поради пречки што се случуваат во работата на Собранието поради теснопартиски интереси, политички судири итн.

Преполовен е процентот на спроведување на антикорупциските активности од претходната година, зошто и дали се влошува состојбата?

Нури Бајрами: Зошто се намалува спроведувањето? Промени во владата, често менување на луѓето, со политички пазарења. Честото менување во раководните нивоа, било министри или директори, или извршни секретари, довело до ситуација да се промени структурата на луѓето кои врз основа на Законот за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси. Тие врз основа на начелото на инклузивност биле учесници во детекцијата на ризиците за корупција и конфликт на интереси, дефинирањето на конкретни области и сектори што ќе се третираат во таа Национална стратегија и во одредување на мерките и активностите што треба да бидат преземени за елиминирање на детектираните ризици. Луѓето, кои биле поканети во изработка на националната стратегија во еден шестмесечен период во повеќе работни средби, во меѓувреме се сменети или се прераспоредени хоризонтално од нивните работни места, или имаме промени во владата и раководните органи на одредени институции и истите луѓе, или не биле присутни, или им е сменета работната задача и не успеале да го следат тоа што самите го предложиле при изготвувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси, што покажува еден дисконтинуитет во функционирањето на државниот систем воопшто. Ова е жална состојба, состојба која не овозможува континуитет во прогрес и позитивни реформи на системот, туку напротив, ние имаме регрес.

За да се спречи ваквата појава, јас лично сум потенцирал неколку пати. Треба да се повлече црвена линија меѓу политиката и професионалноста во поглед на менаџирањето на јавниот интерес од страна на институциите на системот и не треба да се случи раководните органи на системот да бидат избрани преку политички пазарења, туку според мерит-системот и кога би се случило ова, сите тие кои учествувале во една конкретна активност, како во случајот на Националната стратегија, би биле во тек и за спроведувањето на активностите и мерките кои самите тие ги предложиле. Што се однесува до тоа зошто се случува тоа, што еднаш имавме 20% а потоа падот е на 10%, тоа е затоа што имавме два пати промени во владиниот состав. Поголемиот дел од нив може да не бидат компетентни и да изгубат многу време додека да се постават работите во колосек и кога ќе се постават, може да се случи пак промена и овој континуитет пак да се прекине.

Според вашата гледна точка, како комисија, колку работат или не работат институциите за овие препораки?

Нури Бајрами: Сè додека не ја имаме таа црвена линија меѓу политиката и професионалноста, сè додека сме сведоци на мешањето на политиката и на политички диктати во избор на судии, обвинители итн., да не зборуваме за директори и секретари. Сè додека ова продолжува да се случува, сè додека сè уште се прави резистенција ова да не се регулира на таксативен начин, изборот на раководен кадар да се прави со посебен закон и преку мерит-системот, ние ќе ги имаме овие проблеми и не можеме да го одделиме, сè уште не можеме да ја детектираме добрата волја или подготвеност да се делува или не. Едноставно, за еден Закон за високото државно раководство фактички поминаа 4 години, тој сè уште е на маса и нема политичка волја да се донесе. Сè додека реформите во администрацијата се толку бавни, сè додека сè уште се отворени вентилите за полнење на јавниот сектор со разни советници, ангажмани со договори на дело, што не треба ни да постојат во јавниот сектор, со привремени вработувања, ќе имаме вистински хаос и не можеме точно да процениме кој и колку е спремен, бидејќи не се подразбира само волјата, туку и екипирањето и институционалната подготвеност и функционалноста, како што е предвидена со закон.

Всушност, кај нас ретко се случува и да не добиеме информации на време и тоа поради две причини. Едната е дека седниците се целосно јавни, и од јавната стигматизација се плаши скоро секој и од друга страна се предвидените глоби. За недавање на информации има одредени казни кои ние ги изрекуваме и ги објавуваме. Имаме комуникација со институциите, но кога нашите иницијативи им се доставуваат на институциите со одредени констатации, често се аргументира дека не сме ја утврдиле целосно ситуацијата, не е така или можело да биде вака, значи секоташ ќе се најде начин да се заштитат токму тие кадри кои се именувани политички и го преминале филтерот на мерит-системот. Сè додека партиите и политиката продолжуваат во оваа насока ние ќе имаме конфузија.

Тоа што довербата во судовите и судскиот систем е само 4% покажува дека алармот е вклучен и работите не одат како што треба. Тоа што ние го констатираме е истражно, нашите акти не се кривични пријави, не се тужби, туку се само иницијативи, што значи дека секој орган треба сам да одлучи, но за тоа колку иницијативи се прифатени искрено е многу мал број. Зошто? Ние можеме да ги изразиме нашите субјективни ставови, времето ќе покаже колку сме биле праведни во моментот. Успех немаме, успехот е многу минимален.

И евромбасадорот Гир изрази незадоволство за борбата против корупцијата, како во оценувате неговиот став?

Нури Бајрами: Пораката е на место и така и требаше да биде. Сето тоа што го кажав досега е во судир со европските стандарди, во судир со досегашните политички ветувања кај нас, во судир со целиот тој вербализам и фолклоризам што го прават политичките партии, а недостига спроведување. Врз основа на ветувањата, вербализмот и исполнувањето на обврските само од формален аспект. Што се однесува до стандардите на Европската Унија, ЕУ направила многу повеќе отколку што требало овде во Македонија и нормално дека очекувањата на амбасадорот се такви и оваа забелешка е на место. За жал, и покрај тоа што ние зборуваме, на некој начин ние куцаме, доцниме и воопшто не се срамиме. Критиката е на место.

Како е соработката со невладиниот сектор и надворешните партнери?

Нури Бајрами: Невладиниот сектор и надворешните партнери дале безрезервна поддршка на ДКСК. Сето тоа што било обврска на државата, која го донесе законот и ја формира оваа Комисија, го извршија странците. Значи тоа што нас постојано ни недостигало, посебни алакти за извршување, реализација на нашите надлежности како што се софтверски алатки, компјутери и друга поддршка, ние сме ги добиле со проекти и еден од најголемите подржувачи на многу проекти била и продолжува да биде ОБСЕ. Тоа што се формализираше како меморандум само ја потврдува досегашната многу плодна соработка, и што треба да продолжи и понатаму и други такви моморандуми се само за да ја направат соработката поефикасна и да ја кренат на што повисоко афирмативно ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...