(ИНТЕРВЈУ) Малиукевичиус: Руското влијание се обидува да нè заслабне и натера да ја свртиме главата од Украина

Литванскиот експерт за медиуми и кризна и стратешка комуникација во интервју за Мета.мк прецизно објаснува на кој начин се шират дезинформациите кои доаѓаат од руска страна, лажните наративи и целиот процес на нивно влијание во Западен Балкан и во светот

-

Првично сметав дека целта на операциите на руско влијание е да се креираат одредени симпатии за рускиот режим и за руската идеологија. Но, нивната главна цел сега е едноставно да создадат поголем хаос внатре во соседните држави, за да нè направат да ја свртиме главата и да ги погледнеме нашите внатрешни проблеми, за да престанеме да ја поддржуваме Украина во нејзината одбрана од руската агресија. Оттука, главната цел на руското влијание е да се направи еден вид хаос низ Европа што би нè направило многу послаби.

Вака литванскиот истражувач, д-р Неријус Малиукевичиус во интервју за Мета.мк ја објаснува целта на руското влијание, кое зема сè поголем замав, дотолку повеќе што годинава, како што вели тој е „супер-изборна“, односно следуваат и избори во Европската Унија и во Соединетите Американски Држави, а во тек се и изборите во Русија.

Тој прецизно објаснува на кој начин се шират дезинформациите кои доаѓаат од руска страна, лажните наративи и целиот процес на нивно влијание во Западен Балкан и во светот.

„Сметам дека доживуваме софистициран напад на информациска сајбер-операција, дури и пошироко во Европа. Тоа се случува зошто авторитарните режими, особено рускиот, оваа година ја сметаат за мошне важна година во Европа и во европските држави – изборна година. Тие се обидуваат да постигнат недоверба, преку своите цели за создавање поголем хаос за да го нарушат изборниот процес“, вели Малиукевичиус.

Тој е експерт за медиуми и кризна и стратешка комуникација, автор на две книги и бројни публикации, со посебен осврт на предизвиците во справувањето со лажните наративи, пропагандата и дезинформациите. Неговата приказна на ова поле датира уште од 2000 година.

„Особено ме заинтересираа новите руски закони што се спроведуваа и кои се нарекуваа „нова информациско-безбедносна доктрина“ на Путин преку која Русија би стекнала контрола над информациите за да ја мобилизира моќта на Путин во одбрана од какви било странски влијанија, какви што тој сметаше дека ги има. Ме заинтересира од моја перспектива – за тоа како медиумите и информациските политики може да се искористат во време кое не беше сосема авторитарно“, раскажува тој.

Откако навлегол во оваа тематика, ја напишал неговата дисертација со наслов „Руска информациска геополитика“ каде што се обидува да објасни како Русија ја трансформира традиционалната политика на „подели и владеј“ во медиумска геополитика.

„Тогаш и не е толку важно како ги контролирате географските територии, туку како ги контролирате и се борите против менталните територии, умот на луѓето“, објаснува Малиукевичиус.

Toj беше во дводневна посета на земјава која вклучуваше работилници, предавања и состаноци со локални засегнати страни, организирани од Канцеларијата на Амбасадата на Литванија и Делегацијата на ЕУ во земјава.

Во прилог целото интервју со д-р Малиукевичиус во кое тој гo објаснува текот на странските влијанија и начинот на кој се шират дезинформациските наративи.

hubmk

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...