сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: сајбер напади | 30 резултати

Русија и Кина ќе проверуваат дали македонски хакери, Елон Маск или некој трет е вмешан во изборите во Венецуела

август 1, 2024

Од Каракас пристигна и најновата вест според која Николас Мадуро изјавил дека ќе побара од Русија и Кина да го испитаат наводниот „сајбер напад врз комуникациите на Националниот изборен совет“ (тамошната изборна комисија), притоа обвинувајќи го милијардерот Елон Маск. Овојпат С. Македонија не беше спомната. Мадуро треба да се договори со својот обвинител Тарек Вилијам Сааб кој тоа […]

Ако се случи сајбер напад, речиси 70 отсто од институциите ќе немаат тим за одговор на инциденти

јуни 24, 2024

Поразителни податоци објави Државниот завод за ревизија, а во однос на ефективноста на преземените мерки на надлежните органи за заштита на критичните информациски системи. Со ревизијата на успешност опфатен е период од 2020 до 2022 година, но и период пред и по завршување на ревизијата, до денот на изготвување на извештајот. Ревизијата утврдила дека институциите […]

Двојно зголемени сајбер нападите од Русија и од Кина во Германија

мај 13, 2024

Германското дигитално здружение Битком соопшти дека забележани се зголемен број сајбер напади од Кина и од Русија, пренесува германската новинска агенција дпа. „Во рок од две години, измерено е двојно зголемување на нападите од Русија“, изјавил генералниот директор Бернхард Роледер утринава на германската јавна телевизија ЗДФ. Има и зголемување од 50 отсто на бројот на […]

Германските партии под сајбер напади пред изборите во ЕУ

април 5, 2024

Партиите и политичарите во Германија во моментов се соочуваат со особено голем број сајбер напади, според Федералната агенција за информациска безбедност (БСИ). „Сега може да се очекуваат повеќе напади, особено поради претстојните европски избори“, изјави портпаролката на БСИ за германската новинска агенција ДПА. Изборите за Европскиот парламент се во јуни. БСИ и Федералната агенција за […]

(ИНТЕРВЈУ) Малиукевичиус: Руското влијание се обидува да нè заслабне и натера да ја свртиме главата од Украина

март 17, 2024

Првично сметав дека целта на операциите на руско влијание е да се креираат одредени симпатии за рускиот режим и за руската идеологија. Но, нивната главна цел сега е едноставно да создадат поголем хаос внатре во соседните држави, за да нè направат да ја свртиме главата и да ги погледнеме нашите внатрешни проблеми, за да престанеме […]

Репортери без граници: МВР да ги истражи нападите кон „Вистиномер“

февруари 29, 2024

Организацијата „Репортери без граници“ денеска преку социјалната платформа X (поранешно Твитер) изрази поддршка за новинарите и вработените во „Вистиномер“ и ја повика македонската полиција да спроведе истрага. Реакцијата следува откако на социјалните мрежи започнаа напади и закани врз новинарите на „Вистиномер“, од Фондацијата Метаморфозис, случаи кои не се евидентираат првпат. „Kaмпањата за сајбер-малтретирањето на сервисот […]

НБРМ ги едуцира граѓаните како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки

февруари 27, 2024

Народната банка обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг), соопштија денеска оттаму. Ова го прават заради брзиот технолошки развој и дигитализацијата и сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, кои наметнаа потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на граѓаните за безбедносните […]

Иранска хакерска група извршила сајбер напад врз албанскиот парламент

декември 27, 2023

Парламентот на Албанија соопшти дека бил нападнат од иранска група хакери, која го нападнала податочниот систем на парламентот со намера да ја спречи неговата работа, пишува Дојче веле. „Сајбер нападот не влијаеше на податоците на системот. Ангажирани се експерти да откријат какви точно последици може да има нападот“, стои во соопштението на парламентот. Иранска хакерска […]

Османи: ОБСЕ има витална улога во справувањето со предизвиците за сајбер безбедноста

октомври 24, 2023

Сајбер безбедноста не претставува само грижа за техничките системи и нивна заштита од напади, туку и грижа за луѓето како потенцијални цели на сајбер напади, истакна претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи во своето обраќање на годишната конференција на ОБСЕ за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за […]

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот суд во Хаг

септември 20, 2023

Меѓународниот кривичен суд соопшти дека во текот на минатата недела бил извршен напад врз компјутерскиот систем на институцијата, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес (АП).  Портпаролот на судот, Фади Ел Абдалах, во писмена изјава изјавил дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, а се испитува и дали зад нападот евентуално стои странска влада. „Во иднина, […]

Со отсуство на процедури во институциите, во прашање се доведуваат личните податоци на граѓаните

септември 2, 2023

Личните податоци на граѓаните многу често во последниве години беа загрозени, или преку многубројните сајбернапади во повеќе институции или, пак, преку спорни тендерски постапки за избор на компании, кои, меѓу другото, треба да обезбедат и заштита на личните податоци. Иако ниту една институција досега се нема произнесено дека личните податоци на граѓаните навистина биле загрозени, […]

Хакерскиот напад врз АЕК не резултираше со исплата на откуп од 70.000 евра

август 13, 2023

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) не им ја исплатила побараната сума од 70.000 до 80.000 евра од страна на престапниците по извршениот хакерски напад пролетва врз оваа институција, открива директорот на АЕК, Јетон Акику во интервјуто за Радио Слободна Европа на македонски јазик. Директорот на АЕК вели дека го запреле хакерскиот напад многу брзо, иако […]

Спасовски: Една од клучните битки е справувањето со лажните вести

јули 25, 2023

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за порталот „Журнал“ а во однос на тоа колку граѓаните се запознаени со лажните вести и кои се последиците од нив, рече дека лажните се вести се еден од посериозните предизвици на новото време. „Една од клучните битки е справувањето со лажните вести. Владата направи акциски план […]

Волстрит Журнал: Русија користела злонамерен софтвер за кражба на документи од НАТО

мај 11, 2023

Американските власти онеспособиле малициозен софтвер што руската разузнавачка агенција го користела две децении за да краде владини документи од сојузниците на НАТО, пишува Волстрит Журнал. Со оваа операција на Федералното истражно биро (ФБИ) се истакнуваат зголемените напори на САД да одат чекор подалеку во апсењето хакери и пронаоѓањето нови начини за спречување на сајбер нападите. […]

Поради сајбер-нападот врз АЕК, нивните онлајн услуги се привремено недостапни

април 13, 2023

Официјално е потврден сајбер-нападот врз Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), кој се случил на 6 април. Од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (МКД-ЦИРТ) при АЕК за Мета.мк изјавија дека сајбер-нападот бил прекинат истиот ден и дека во тек е анализа за да се утврди начинот на изведба и атрибуција. „Нападот е детектиран и […]

Агенцијата за електронски комуникации под хакерски напад

април 13, 2023

Електронските системи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се под сајбер-напад, дознава Мета.мк. Нападот над АЕК, за Мета.мк го потврдија и од МВР. „Минатата недела Секторот за компјутерски криминал беше известен од АЕК за хакерски напад врз оваа институција и преземени се содветни мерки“, велат од МВР. Директорот на АЕК, Јетон Акику во телефонски разговор […]

Собранискиот сајт бил цел на сајбер напад

март 25, 2023

Веб страницата на Собранието на РСМ била под сајбер напад, информираат од Собранието на РСМ. Од законодавниот дом велат дека набрзо по нападот собранискиот сајт е вратен во функција, пренесува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Од Кабинетот на претседателот Талат Џафери посочуваат дека нивните ИТ експерти констатирале дека нападите доаѓале од странски ИП адреси, […]

Ковачевски: Сајбер-војната со дојави за бомби во училиштата е дел од војната во Украина

март 3, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се сретне со министрите за внатрешни работи и за образование и наука, за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните дојави за поставени бомби во училиштата. Тој рече дека оваа сајбер-војна е дел од војната што се води во Украина, бидејќи се случува и кај голем број држави […]

Ковачевски: Сајбер нападите изминатава година се поврзани со војната во Украина, Северна Македонија не е единствена цел

февруари 19, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за државната агенција МИА, за време на Минхенската безбедносна конференција, меѓу другото, зборуваше и за сајбер нападите со кои се соочуваме изминатиот период. На прашањето дали постои взаемна поврзаност меѓу сајбер нападите, дојавите за бомби, како и нивна евентуална поврзаност со војната во Украина, премиерот одговори: „Апсолутно се поврзани со […]

Македонските институции со естонска помош се борат против сајбер нападите

декември 12, 2022

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска заедно со e-Governance Академијата од Естонија организираше вежба за проверка на нашите капацитети за управување со кризи поврзани со сајбер напади, информираат од владината прес-служба. „Ова е вежба која ќе ни помогне на сите да ја унапредиме свесноста за потребата на воспоставување на систем кој […]

Страна 1 од 2