fbpx

Eвакуирана американската амбасада во Картум, Судан

Вашингтон ја затвори американската мисија во Картум на неодредено време, но илјадници американски граѓани останаа во источноафриканската земја

-

Американските сили за специјални операции за помалку од еден час со хеликоптери ја евакуираа американската амбасада во Картум, во завојуваниот Судан.

„Околу 100 американски војници и три хеликоптери MH-47 учествуваа во операцијата, а околу 70 преостанати вработени во амбасадата беа пренесени на непозната локација во Етиопија“, изјави помошникот државен секретар за африкански прашања Моли Фи.

Вашингтон ја затвори американската мисија во Картум на неодредено време, но илјадници американски граѓани останаа во источноафриканската земја.

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека добива редовни извештаи од неговиот тим за напорите да им помогне на преостанатите Американци во Судан, „колку што е можно“.

Бајден рече дека Џибути, Етиопија и Саудиска Арабија исто така помогнале во евакуацијата.

„Горд сум на извонредната посветеност на нашите вработени во амбасадата, кои храбро и професионално ги извршуваа своите должности“, рече Бајден, повикувајќи на „крај“ на „бесмислените“ судири.

Американските власти изјавија дека би било премногу опасно да се изврши поширока мисија за евакуација бидејќи борбите меѓу двајцата ривалски судански команданти продолжуваат деветти ден.

Повеќе од 400 луѓе загинаа во борбите, главниот меѓународен аеродром е затворен, а патиштата се под контрола на вооружени групи.

Пред неколку дена САД, Јужна Кореја и Јапонија распоредија сили во соседните земји на Судан, додека ЕУ размислува да преземе слични мерки за отстранување на нивните дипломати и граѓани од земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кампања за вдомување кучиња – „ајде да ја испразниме Лајка“

Миа, Нестор, Росалита, Симба, Венко, Бетси, Чип, Чендлер, се само дел од 40-те кучиња кои веќе подолг период се наоѓаат во ЈП „Лајка“. Претпријатието започна кампања со цел да...