fbpx

Двојно зголемени сајбер нападите од Русија и од Кина во Германија

Осумдесет отсто од компаниите биле цел на напади кои вклучувале кражба на податоци, шпионажа или саботажа, според директорот на Битком

-

Германското дигитално здружение Битком соопшти дека забележани се зголемен број сајбер напади од Кина и од Русија, пренесува германската новинска агенција дпа.

„Во рок од две години, измерено е двојно зголемување на нападите од Русија“, изјавил генералниот директор Бернхард Роледер утринава на германската јавна телевизија ЗДФ.

Има и зголемување од 50 отсто на бројот на познати инциденти од Кина, додава тој. Осумдесет отсто од компаниите биле цел на напади кои вклучувале кражба на податоци, шпионажа или саботажа, според директорот на Битком.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер и претседателот на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА), Холгер Минх, треба денеска да го претстават „Извештајот за националната состојба за компјутерскиот криминал“ за 2023 година.

Конкретно, со години се зголемува бројот на прекршоци направени од странство или од непозната локација, соопштија од БКА. Ова исто така важи и за висината на штетата предизвикана од сајбер криминалот на компаниите во Германија.

„Штетата е 148 милијарди евра годишно само од сајбер напади“, рече Роледер од Битком.

Тоа е многу значајна сума. Зад овие напади често стои организираниот криминал, како и странските разузнавачки служби, додаде тој.

„Некои бараат пари“, рече Роледер, додавајќи дека другите сторители сакаат да предизвикаат што е можно поголема штета, како што е критичната инфраструктура односно снабдувањето со енергија или болниците.

„И сè уште има некои, особено приватни лица, кои само сакаат да се забавуваат“, рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...