„Паметни градови“ не се тема на Агенда 2030

-

Во текстот на Агенда 2030  никаде не се споменува ниту терминот „паметни градови“, ниту тоа дека владите ќе имаат авторитет да ги преземаат загадените земјишта. Невистинитото тврдење од постот започна да се шири на интернет просторот, откако на 3 февруари  воз излета од шините и предизвика пожар во град во Охајо, САД. После несреќата илјадници жители мораа да се евакуираат, бидејќи  во возот имало хемикалии, а една од нив винил хлорид којашто е високозапалива и канцерогена, особено при вдишување. Сепак, овој инцидент на ниеден начин не е поврзан со Агенда 2030, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

АГЕНДА 2030: Законите за развој на земјиштето ќе им овозможат на владите да го заземат загаденото земјиште и да ги преселат жителите во паметни градови.
Ако земјата и водата околу вас се целосно затруени, не можете да се откажете од моделот „паметен град“ кој доаѓа наскоро.
Во врска со ваквите на тврдењата кои кружат на интернет, проверувачите на факти на Ројтерс  пишуваат дека целите за одржлив развој на Обединетите Нации, исто така познати и како Агенда 2030 ги определуваат целите и таргетите за да им се помогне на државите да постигнат одржлив развој, но не содржат никакви закони од каков било вид, вклучително и за теми поврзани за развој на земјиштето, ниту пак „паметни градови”
Тврдењето дека Агенда 2030 ќе им дозволи на владите да го преземат загаденото земјиште и дека ќе им биде дозволено да ги преселат во „паметни градови“ се невистинити, а уште повеќе, Обединетите Нации немаат моќ да спроведуваат закони.
Агенда 2030 не вклучува никакви закони или правни инструменти, ниту за загадено земјиште ниту за паметни градови. Законите се препуштени на суверените држави и мултилатералните механизми во кои што тие учествуваат,
вели портпаролот на ОН за Ројтерс.

Во самиот текст на Агенда 2030  не се споменува никаде ниту терминот „паметни градови“, ниту тоа дека владите ќе имаат авторитет да ги преземаат загадените земјишта.

Други публикации на Обединетите Нации, ги дискутираат улогите за користење на земјиштето, планирањето и градската инфраструктура за да се постигнат целите на Агенда 2030 за одржлив развој. Таков е примерот со извештајот од 2020 година објавен од страна на економската комисија на Обединетите Нации за Европа.

Невистинитото тврдење од постот што го рецензираме, почна да се шири не само во земјава, туку и во други држави на други јазици, откако воз излета од шините и предизвика пожар на 3 февруари во град во Охајо САД, после што илјадници жители мораа да се евакуираат.

Причината за евакуацијата беше тоа што во возот имало хемикалии, а една од нив винил хлорид, за која што Агенцијата за заштита на животната средина на САД вели дека е високозапалива и канцерогена, особено при вдишување. Кога истата ќе се запали, се разложува на други токсични состојки вклучително и хидроген хлорид.

Сепак, овој инцидент на ниеден начин не е поврзан со Агенда 2030, а Агенда 2030 не содржи никакви закони и ништо наведено во документот не дозволува владите да ги преземаат загадените земјишта и да ги преселуваат жителите во паметни градови. Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ при што...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“...